Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ќе го истражуваат поранешниот државен секретар Џон Кери

0
By Соња Крамарска on February 3, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 3, 2023 09:12

Комисијата за надзор и одговорност на Претставничкиот дом ги истражува активностите на поранешниот американски државен секретар Џон Кери кој сега е  специјален претставник на американскиот претседател за климатски промени и неговите преговори со кинеските власти.

Ова произлегува од писмото испратено до Џон Кери од шефот на споменатата комисија, Џејмс Комер. „Комитетот ја истражува вашата улога во администрацијата на Бајден и природата на вашите преговори со Кинеската комунистичка партија“, се вели во документот, објавен на веб-страницата на комитетот.

Како што објасни Комер, за одобрување на кандидат да биде специјален претставник на американскиот претседател за климатски промени не е потребно одобрение од Сенатот на Конгресот.

Воедно, Кери на оваа позиција е член на претседателскиот кабинет, а има и овластување да склучува меѓународни договори во име на САД. Според Комер, за време на работата на Конгресот од последната седница (одржана на 3 јануари 2023 година), републиканците веќе побарале информации од Кери за неговата функција. „До денес, не одговоривте на ниту едно од нашите барања. Сепак, продолжувате да се вклучувате во активности кои би можеле да ја поткопаат нашата економска благосостојба, да ги заобиколат овластувањата на Конгресот и да ја загрозат надворешната политика под маската на заштитата на климата. Комитетот бара документи и информации за да се разбере вашата улога и да се обезбеди потребната транспарентност за специјалниот претставник на САД за климатски промени и неговите активности“, се вели во писмото, цитирано во медиумите.

истрага САД Џон Кери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

ВЕСТИ July 8, 2026

Американската војска соопшти дека завршила серија напади во Иран во кои биле погодени повеќе од…

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.