Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За шест месеци во Албанија исчезнале 36 деца без придружба од Сирија и Иран

0
By Ана Василевска on February 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 6, 2023 13:33

Центарот за правата на децата во Албанија јавно ја изрази својата загриженост по извештаите објавени на државната полиција дека само во последните шест месеци, 36 деца-странци, без придружба, исчезнале во непознат правец.

Алтин Хазизај, од Центарот за правата на децата во Албанија, вели дека децата без придружба се изложени на ризик од трговија за сексуални цели, ропство, па дури и трговија со органи, а за албанските власти обврска е нивната физичка безбедност, заштита и развој.

„Тоа се деца кои доаѓаат од земји како Сирија и Иран. Децата без придружба секогаш се изложени на ризик од трговија за сексуални цели, ропство или дури и трговија со органи итн. Тоа што се во Албанија, подразбира дека албанските власти се одговорни за нивната физичка безбедност, заштита и развој. Но, фактот што тие исчезнаа и не се знае каде се, покажува дека локалните власти и нивните соработници не успеале да ги заштитат животите и благосостојбата на овие деца, изјави тој“, пенесува Топ чанел.

Додава дека Конвенцијата за правата на детето, во која Албанија е држава членка од 1992 година, бара државата да ги преземе сите мерки кои го гарантираат „правото на живот, опстанок и развој“ без каква било дискриминација за сите деца кои се на територијата на Република Албанија.

Исто така посочува дека „детето без родител или старател треба да му биде вратено што е можно поскоро“ и оти „враќањето во земјата на потекло се врши само доколку тоа е во најдобар интерес на детето“.

„Врз основа на горенаведеното, бараме од надлежните органи, МВР, државната полиција, Обвинителството во Тирана како и Министерството за здравство и социјална заштита, итно да го истражат исчезнувањето на 36-те деца и зошто децата без придружба, кои се под заштита на албанската држава, може да се изгубат или исчезнат и никој да не дава отчет за нив“, вели Хазизај.

Албанија Мигранти Трговија со деца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.