НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симнувањето на Македонија од листата на даночни раеви – позитивен сигнал за домашните и странски инвеститори

0
By Соња Крамарска on February 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оценката на Брисел дека Македонија ги спровела потребните чекори и ги исполнила критериумите за бришење од т.н „црна листа“ на даночни раеви, е добра вест за одговорните компании и бизнимените кои сакаат да инвестираа кај нас , но и потврда за високиот степен на доверба кон нашите институции.

Листата на ЕУ се ажурира два пати годишно врз основа на позитивните промени на секоја земја, а Македонија успеа да излезе од оваа „неславна“ категорија и пред нејзиното последно дополнување и модифицирање. И покрај фактот дека одредена земја ја има на списокот само по себе не повлекува санкции или казни, веста дека Македонија не е веќе на него, според даночниот советник Павле Гацов е исклучително позитивна.

Ваквиот чекор е аргумент плус за избор на Македонија како инвестициска дестинација од страна на мултинационалните компании кои согласно со своите корпоративни кодекси ја преферираат општествената и легислативна одговорност, пред финансискиот успех. Ваквата мерка носи корист и за македонските компании кои имаат прекугранични врски со големи компании, но и ја зголемува довербата на домашните институции пред странските даночни органи и обратно, кога се работи за билатерална даночна документација согласно со Договорите за одбегнување на двојното оданочување и соработката во борбата против даночната евазија“, вели во изјава за „Локално“, даночниот советник Павле Гацов.

„Иако се мисли дека само ниските даноци се критериум за влез и излез од оваа листа, сепак основен критериум е транспарентноста, и применетите механизми за избегнување на даночната евазија осоебено кога се работи за пренос на дивидендите кон странските компании – мајки. Во некои од овие земји не постои данок на доход /добивка и единствен услов за регистрација на бизнис во тие земји е плаќањето на годишен надоместок во корист на буџетот на таа земја. Обично овие земји имаат и максимално ниво на доверливост за вистинските сопственици на компаниите“, објаснува Гацов.

Македонија досега беше во иста група со Албанија и Турција, земји кои според оценките, соработуваат и имаат задачи за исполнување. Нашата држава ги исполнила задачите и обврските и сега е во зелената зона на ЕУ за даночни системи, а Албанија и Турција остануваат во портокаловата зона. Србија, БиХ и Црна Гора, веќе го имаат статусот кој сега го има Македонија.

Пред последното ажурирање, оваа листа опфаќаше 50-тина земји меѓу кои: Андора, Аруба, Бахами, Бахреин, Барбадос, Белизе, Бермуда, Британски девствени острови, Кајмански острови, Доминиканска Република, Фиџи, Гибралтар, Гренада,Либерија, Лихтенштајн, Макао, Малдиви, Монако, Нормандски острови, Панама, Гренадини, Самоа, Сејшели, Тринидат и Тобаго, Девствени острови и други. Според македонските даночни прописи, земји со ниски даноци се оние во кои данокот на добивка е помал од 7,5% а ги применуваат земји кои сакаат да привлечат странски капитал.

Покрај Македонија од „црната листа“ на ЕУ се тргнати Барбадос, Јамајка и Уругвај а додадени се 16 други меѓу кои и Русија поради задржување на штетниот даночен систем. Целта на листата која се применува од 2017 не e оцрнување туку охрабрување на земјите за промени во даночните практики и измени во законодавството. Доколку посочените земји одбијат или не го сторат тоа, нема санкции туку може да се најдат на списокот под терминот „некооперативни јурисдикции“. Иако Европскиот парламент бараше на листата да бидат вклучени и Холандија , Луксебург, Малта , Ирска и Кипар поради карактеристики на даночни раеви, досега ниту една земја членка на ЕУ не се најде на црната листа.

 

 

даночен рај инвестиции Македонија црна листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.