НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието доби ниска оценка за квалитетот на дебатирање, зборуваат без или со малку аргументи

0
By Ана Василевска on February 17, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посочуваат дека генерално се забележува мало подобрување на нивото на аргументирање од страна на учесниците во дискусијата во Собранието, во споредба со претходниот период на набљудување јануари – јуни 2022 година.

На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на дебатата во Собранието на Република Северна Македонија за второто полугодие на 2022 е 5,7. Ова го покажа набљудувањето на Институтот за демократија во периодот јули – декември 2022 година. Во фокус беа дискусиите што се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија, информираат од Институтот за демократија.

„И покрај благото подобрување во однос на периодот јануари – јуни 2022 (5,6), извештајот за овој период покажува ниско ниво на квалитет на дебата и го потврдува заклучокот дека постои простор за значително подобрување“, велат од Институтот.

Посочуваат дека генерално се забележува мало подобрување на нивото на аргументирање од страна на учесниците во дискусијата во Собранието, во споредба со претходниот период на набљудување јануари – јуни 2022 година.

„Говорниците во 39 отсто од нивните излагања немаа аргументи, додека во 54 проценти слабо аргументираа. Еден или повеќе аргументи се забележани во 7 отсто од дискусијата. Во овој период на известување, во набљудуваните дискусии не беше забележана промена на став кај пратениците, ниту поради подобри аргументи кај соговорниците, ниту поради други причини“, потенцираат од Институтот за демократија.

Кога станува збор за односот на пратениците кон личноста на своите колеги од друга политичка партија, набљудувачите воочиле дека во 17 отсто од дискусијата е искажано почитување што е значителен напредок за разлика од претходниот период на набљудување кога експлицитно почитување било искажано во 1 процент од случаите.

„Но и покрај ова подобрување, пратениците и понатаму повеќе се осврнуваат кон личните карактеристики на соговорниците, отколку кон суштинско разгледување на нивните аргументи“, посочуваат од Институтот.

Извештајот го потврдува и константно нискиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи, низ сите периоди на набљудување.

Забележано е дека пратениците во околу 87 отсто од нивната дискусија не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права.

Поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 63 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 37 проценти.

„Најчесто за збор се јавувале и најдолго на пратеничката говорница се задржувале пратениците Бојан Стојаноски и Гордана Сиљановска Давкова“, информираат од Институтот за демократија.

Институтот за демократија од јуни 2014 година, го следи квалитетот на дебатата во Собранието и работата на законодавниот дом генерално. Во јануари 2020 година, почна четвртиот циклус на мониторинг, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржана од Владата на Швајцарија. Овој проект се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

дебата Институт за демократија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.