Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Заштитата од хакерски напади треба да е приоритет за секоја институција

0
By Ана Василевска on February 17, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 17, 2023 14:24

За справување со хакерските напади како еден од клучните современи безбедносни предизвици многу е важна превенцијата, односно превентивните мерки што се преземаат од страна на институциите за заштита на електронските податоци, а поради разорноста на последиците од ваквите напади, тоа треба да биде главен приоритет на раководителите на институциите, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Да се преземаат мерки во однос на хакерските напади. Сите тие хакерски напади се пријавени и се врши истрага во овој дел. Меѓутоа многу е важно сите институции да преземаме предвремени мерки за заштита на електронските податоци и на електронските системи затоа што најевтино е токму вложувањето во превенцијата. Се друго е многу потешко понатаму кога ќе ни се случуваат. Иако ова е нешто што преставува еден сериозен предизвик. Вие знаете дека јас често говорам за предизвиците кои што ќе не следат со годините. Покрај миграцијата, еден од клучните предизвици ќе биде и тероризмот, а хакерските напади се токму дел од тие терористички напади кои што се прават“, вели министерот Спасовски на новинарско прашање по одбележувањето на 18 февруари, Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Бирото за јавна безбедност во МВР.

Во однос на тоа дали се направени анализи за безбедноста на електронските податоци на институциите и колку се тие безбедни, тој истакна дека треба да се има предвид дека системите за електронска заштита треба постојано да се осовременуваат, бидејќи најбрзо се менуваат.

„Ако имате денеска најнов систем на заштита тоа не значи дека тој систем ќе биде релевантен после шест месеци или после година дена. Во таа смисла треба да се обновуваат тие системи кај сите институции и да се преземаат низа на активности кои што тоа ќе го прават во континуитет на дневна основа. Колку ние направивме како Министерство за внатрешни работи за заштита на електронските податоци за државата не само за МВР, говори фактот на изградба на ИКТ Центарот во Прилеп кој што е со таа намена да ги заштити електронските податоци, да има бекап на тие електронски податоци не само за МВР туку и за други институции и веќе склучуваме договори со нив за тие да бидат обезбедени. Не станува збор дали ќе бидат тие податоци токму во тој ИКТ центар, меѓутоа сите раководители на институциите треба основен приоритет тоа да им биде. Заради тоа што не ние, државите во Европа и во светот многу малку посветија внмимание на заштита на електронските системи, на спречувањето на ваквите напади кои што ни се случуваат, а гледаме дека по разорност тие можат да бидат многу поголеми, позначајни и од конвенционалните напади. Така што е важно тој систем, пред се, критичната инфраструктура да биде целосно заштитена“, рече министерот за вантрешни работи Спасовски.

МВР Оливер Спасовски Хибридни напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.