Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот европски проект е можност за културна соработка за уметниците и креативците од Западен Балкан

0
By Ана Василевска on February 17, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 17, 2023 15:05

Во Кинотеката денеска беше промовиран новиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од УНЕСКО, британскиот Совет и Италијанската агенција за развојна соработка.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во своето обраќање ја поздрави препознаената вредност на културата во земјите од Западен Балкан и изрази уверување дека со овој повик до уметниците и до културните работници, меѓукултурниот дијалог добива огромна шанса и свои пет минути.

„Кога на земјите од Западен Балкан им отворате прозорец за културна соработка, им помагате во надминување на бариерите за регионално поврзување и во градењето капацитет за меѓусебна соработка, вие ширум ја отворате и вратата за големиот потенцијал на културата и на креативните луѓе од овој дел на Европа“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Во тој контекст министерката за култура потенцира дека проектите од над еден милион евра се сериозна поддршка и поттик за културните работници и за уметниците од Западен Балкан во процесот на проширување на Европската Унија.

„Убедена сум, додаде таа, дека тие со својата умешност и креативност може да ги придобијат и најголемите скептици кон проширувањето“.

Претставниците од проектот, чија цел е поттикнување на меѓукултурниот дијалог во Западен Балкан преку зацврстување на културните и креативните сектори, во неколку отворени информативни сесии ги презентираа деталите и критериумите за аплицирањето на двата отворени повика: за доставување предлози од организации и институции и за изразување интерес на поединци заинтересирани да придонесат кон зацврстување на културниот и креативниот сектор и хармонизација нa Западен Балкан.

Министерката Костадиновска-Стојчевска, поканувајќи ги сите заинтересирани да аплицираат на повиците, потенцира дека Министерството за култура им стои на располагање и како партнер во овој проект и како помош при аплицирањето.

„Затоа, ги повикувам институциите, установите, приватниот сектор и граѓанските организации во културата, уметниците, медиумските професионалци и културните оператори, сите креативци да се мобилизираат и да се одѕват на овој повик, да аплицираат и заедно, со помош на нашите докажани пријатели, да го дадеме и да го размениме најдоброто за и во културата“, порача Костадиновска-Стојчевска.

Аплицирањето во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ за физички лица е најдоцна до 15 март, а за организации и институции најдоцна до 31 март 2023 година.

Европски фондови Западен Балкан министерство за култура Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.