Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија не може да влезе во еврозоната ни 2024, не е само ветото туку и неисполнети домашни задачи

0
By Соња Крамарска on February 17, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 17, 2023 15:33

„Во контекст на разговорите со претседавачот на Еврогрупата, одлучено е да не поднесеме конвергентен извештај на крајот на февруари, бидејќи не ги исполнуваме критериумите. Со оглед на тоа што не поднесуваме извештај за конвергенција на крајот на февруари, повеќе не важи рокот за влез во еврозоната до 1 јануари 2024 година“, рече денеска на брифинг во Софија вршителката на должност министерка за финансии Росица Велкова, јави БГНЕС.

Велкова нагласи дека европските партнери на Бугарија веројатно внимателно ги следеле дебатите во 48. Народно собрание. Според неа, следното Народно собрание мора да донесе неколку предлог-закони за влез на Бугарија во еврозоната, бидејќи европските партнери сметаат дека државата сериозно заостанува во законодавниот дел.

„Бугарија мора да донесе четири предлог-закони и мора да го исполни критериумот за инфлација“, рекла Велкова.

Можен е и датум за влез во еврозоната од 2025 година, можен е датум од 1 јули 2024 година, се зависи од тоа дали се исполнети критериумите“, додала привременaта министерка за финансии.

И покрај најавите за вето од Холандија и Австрија, Бугарија на 6 декември 2022 година во Брисел  потпишала меморандум за почеток на производство на монети евра. „Стратегијата за комуникација е подготвена. Подготвен е концепт за евро-законот. Беше подготвено и национално репрезентативно истражување за ставовите на јавноста. Беа изработени и предлог-закони кои се однесуваат на заложбите на Бугарија за пристапување на земјата во Валутниот механизам 2. Остварени се повеќе средби со амбасадорите на земјите членки на еврозоната во Бугарија“, посочила министерката.

Министерката нагласи дека преодната влада ги интензивирала разговорите со Европската комисија и земјите членки на еврозоната.

Бугарија влез во еврозона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.