Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски пранкери и се јавија на Ангела Меркел претставувајќи се како Порошенко, таа им поверува и разговараше

0
By Соња Крамарска on February 20, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: bbc.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2023 15:49

Руските комичари Вован и Лексус, познати по своите телефонски местенки, ѝ се јавија и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, претставувајќи ѝ се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Како што наведуваат западни медиуми, се чини, таа подобро „се држела“ од многумина свои колеги од политиката, па неколкупати и вешто одби да коментира на некои прашања, прагматично останувајќи на ставот дека таа веќе не е дел од власта и не треба премногу да копа во минатото. Така, прашана за договорите од Минск од 2014 година, Меркел рече дека нема смисла да се навраќа на тоа.

Таа исто така истакна дека не сака да шпекулира дали било можно да се спречи војната во Украина, но призна дека Договорите од Минск секако го одложиле судирот и му дале време на Киев.

„Во тој миг, за да не се случат полоши работи, сите ги потпишавме Договорите. Јас едноставно верувам дека тие ѝ дадоа на Украина повеќе време за развој во времето од 2014 до 2021 година. Овие договори беа добри за Киев, бидејќи благодарение на нив Украинците сега можат да му се спротивстават на Путин… Украина сега не само што може да одговори, туку доби и меѓународна поддршка“, заклучи Меркел.

Прашана – што мисли, дали ќе може воено да се зајакне Украина до степен што ќe ја принуди Русија да преговара, Меркел повторно одби да одговори, велејќи дека „Порошенко“, бидејќи „е со армијата – во првите редови“, треба да знае подобро за тоа од неа.

„Петро, ​​уште потешко ми е да зборувам за тоа отколку тебе. Би сакала да слушнам оценка од тебе. Ние сме пријатели. Сакаме да ви помогнеме. Европската Унија е единствена по прашањето за Украина, иако има мали разлики меѓу земјите-членки“, рекла Меркел во разговорот.

За Западот, како што рече пензионираната германска канцеларка, важно е водечките земји да водат координирана политика, а за германската влада смета оти добро ја води својата државна политика.

„Луѓето како мене, кои веќе не се во владата, не можат да направат ништо значајно, затоа може само да ја поддржам тековната работа на нашата влада“, вели таа.

Коментирајќи ја политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, таа рече дека верува дека и германските и американските лидери, т.е. канцеларот Олаф Шолц и претседателот Џо Бајден имаат многу добри односи со Макрон.

Поранешната германска канцеларка на крајот одбила да го продолжи разговорот на руски, на предлог на руските „шегаџии“, по што брзо го завршила разговорот за којшто, како што двапати нагласи, се надевала дека нема да заврши во медиумите. „Состојбата и онака е многу сложена и нашите две влади дефинитивно се во постојан контакт“, нагласи таа.

Инаку, познатите руски комичари неодамна разговараа и со поранешниот шеф на Пентагон, Марк Еспер.

„Украинскиот народ ја врши валканата работа за она што ние никогаш не сакаме да го правиме овде во САД, и затоа треба да продолжиме да ве поддржуваме (Украина) со се што можеме, без разлика дали се работи за муниција, оружје или разузнавање“, рече тогаш Еспер.

.Меѓу целите на телефонските местенки бил и Џон Болтон, поранешен советник за безбедност на Доналд Трамп. Тој, пак, призна дека смета оти Германија, Франција и другите држави треба да бидат спречени да преговараат со Москва, и оти на Киев треба да му се дозволи да ја напаѓа руската инфраструктура на руска територија.

Извор: МИА

Ангела Меркел Петро Порошенко руски пранкери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.