НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Триесет години Светска банка е стратешки партнер на земјата во остарување на развојните цели

0
By Gabi Tocko on February 25, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија одбележа 30 години членство во Групацијата на Светска банка. На денешен ден пред 30 години земјата се придружи на оваа светски водечка финансиска институција која им помага на земјите во борбата против сиромаштијата и подобрувањето на животните стандарди на луѓето во земјите во развој.

Премиерот Димитар Ковачевски изрази благодарност за досегашната поддршка од Светска банка, потенцирајќи дека соработката ќе продолжи да се унапредува, особено што оваа светска финансиска институција има важен придонес во реформирањето и развојот на македонската економија, соопшти владината прес-служба.

Триесет години Светска банка го поддржува развојот и напредокот на нашата држава, оваа финансиска институција има значен придонес во подобрување на општествените услови во Северна Македонија. За овие 30 години, токму преку Светска банка се реализирани инвестициски проекти во вредност од близу три милијарди долари. Нашето членство и пред сè долгогодишно партнерство со Светска банка, резултира со реализација на крупни проекти во делот на патната инфраструктура, изградба на градинки и училишта, и други проекти кои директно влијаат врз подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и економијата. Покрај поддршката преку проекти, за нас како држава од исклучително значење е советодавната поддршка за политики, техничката помош и размената на искуства што ги нуди Светска банка, кои имаат важен придонес во креирање на економските и социјалните политики, а се во насока на економскиот развој на државата и подобрување на животниот стандард, вели премиерот Ковачевски.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, изрази благодарност до Светска банка за континуитетот на ваквото партнерство и резултатите што се постигнуваат во развојот на земјата и изрази задоволство таквата соработка да продолжи и во иднина.

Тоа не е само членство, тоа се 30 години партнерство. Светската банка се покажа како исклучително лојален и посветен партнер, кој даде особен придонес во реформирањето и модернизирањето на сите сегменти на македонската економија, преку инвестициски проекти чиј број е близу 100 во вредност од близу три милијарди американски долари, вели министерот Бесими, кој ја претставува Република Северна Македонија во Одборот на гувернери на Светска банка.

Во изминатите 30 години, Светска банка е посветен партнер на Северна Македонија, притоа поддржувајќи ја земјата во нејзините напори за подобрување на животниот стандард, зајакнување на човечкиот капитал и подобрување на благосостојбата. Нашата соработка ќе продолжи и во иднина, сè со цел значително подобрување на животот на граѓаните, истакна директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи.

Со Светска банка работиме на надградба и развој на патиштата, олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, поврзување на локални патишта, модернизација на земјоделството, унапредување на социјалните услуги, унапредување на основното образование, подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор, градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии и слично.

Република Северна Македонија стана членка на Светската банка во 1993 година и е дел од Холандската конституенца. Мисијата на Светска банка во Република Северна Македонија се фокусира на поттикнување и поддршка за создавање нови работни места, како и на подобрување на стандардите за живеење преку спроведување и финансирање проекти, консултантски услуги и истражување во насока на градење капацитети, развој на човечки ресурси и инвестиции во инфраструктурата.

Помошта од Светска банка во земјава е дефинирана и се спроведува согласно Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка за периодот 2019 – 2023 година. Целите поставени во Стратегијата се подобрување на животната средина за конкурентен приватен сектор, проширување на вештините и можностите за најранливите категории и подобрување на одржливоста и градење на отпорност на шокови.

Соработката се спроведува преку проекти во секторот на социјална помош, здравство, образование, подобрување на вештини, деловно опкружување, развој на финансискиот сектор и слично.

30 години Бесими Ковачевски Македонија партнерство Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.