Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјални станови за 45 семејства од Гостивар, клучевите им ги предаде Ковачевски

0
By Соња Крамарска on February 27, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 27, 2023 13:47

Ковачевски, Бочварски и градоначалникот Арбен Таравари денес во Гостивар доделија клучеви од нови домови на 45 семејства од социјално ранливи категории.

„Да имаш топол дом, покрив над глава за своите деца, за семејството значи многу и навистина сум среќен што денеска сите заедно, овде во Гостивар ја споделуваме среќата на 45 семејства, на кои  им врачуваме клучеви од нивните домови“, рече премиерот.

Ковачевски дополни дека во изминатите четири години се изградени или се во фаза на изградба 864 социјални станови.

Досега освен овде во Гостивар, распределени се станови во Македонски Брод, Струмица, Пробиштип, Виница, Свети Николе. Становите се доделуваат веднаш откако ќе се изградат, такви огласи за распределба на станови во тек се во Гевгелија, завршена е градбата на социјалните станови во Демир Капија и таму становите треба да се распределат. Во завршна фаза се социјалните станови во Неготино, а за над 500 наши сограѓани се градат социјални станови во Дебар, Бутел, Велес, Кочани и Сарај.

„Нашата владина политика е за развој на секој дел од државата, затоа и социјалните станови кои ги градиме се наоѓаат низ целата држава. Така обезбедуваме рамномерен регионален развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард“, истакна Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека Владата и Министерството ги преземаат сите мерки за ублажување на последиците од кризата и за обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани.

„Овој месец само за десетина дена распишавме два јавни повици за распределба на социјални станови во Гевгелија и Демир Капија“, рече тој.

Градоначалникот и нов коалициски партнер во Владата Арбен Таравари истакна дека набрзо домување ќе добијат уште 25 семејства од ранливите категории граѓани.

„Мило ми е што еден добар проект се реализира за гостиварци. Денеска 45 гостиварски семејства ќе бидат здомени во нови станови, а уште 25 се надевам во многу блиска иднина. Овие се убави работи кои што државата може да ги направи за социјално загрозените семејства“, рече Таравари.

Арбен Таравари благој бочварски Гостивар Димитар Ковачевски социјални станови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

ВЕСТИ July 8, 2026

Американската војска соопшти дека завршила серија напади во Иран во кои биле погодени повеќе од…

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.