НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалникот Колев и евроамбасадорот Гир потпишаа Меморандум за соработка за отворање Европска куќа во Велес

0
By Ана Василевска on February 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалалникот на Општина Велес Марко Колев и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска потпишаа Меморандум за соработка за отворање Европска куќа во Велес.

Во просториите на поранешното Градско кино „11 Октомври“ во центарот на градот градежните работи за преадаптација на просторот се одвиваат во изминатите две-три недели и ќе бидат готови до ова лето.

За овој проект ЕУ има издвоено средства во висина од 300 илјади евра, информира амбасадорот Гир и оцени дека работите добро напредуваат на адаптација на просторот каде ќе биде сместена Европската куќа.

Тој потенцира дека самото градење и отворање на Европската куќа има за цел и да се охрабрат младите за креирање на еден простр каде што тие ќе можат да истражуваат што всушност значи ЕУ иднината за земјата.

„Европската куќа ќе биде важно место за младите за да може да разговарат за сите аспекти од нивниот сегашен живот, за прашања кои што се поврзани за нивната и иднината на оваа земја како членка на ЕУ“, појасни Гир.

Тој информира дека тие веќе имаат три активни и функционални Европски куќи во Скопје, Струмица и Крива Паланка, а до крајот на годинава очекуваат да има седум Европски куќи во целата држава.

„Самото присуство на ЕУ куќа е знак на посветеноста на ЕУ на вашата земја. Отворањето на Европска куќа е знак на ЕУ дека им посветува и на младите, затоа што тие имаат важна улога во транзицијата на оваа земја на патот кон ЕУ. Меѓутоа и на улогата што младите ја имаат како крајни граѓани на ЕУ“, потенцира Гир.

Тој воедно ги повика сите граѓани на Велес и сите етнички заедници кои живеат тука да бидат дел од овој проект.

Градоначалникот Марко Колев искажа благодарност од свое име и од името на Советот, општината и од граѓаните за поддршката што Општина Велес досега ја добива од ЕУ и конкретно за овој проект.

„Овој проект значи многу пред се’ за младите, затоа што она што се случува во Скопје, Струмица и Крива Паланка, каде веќе има отворено Европски куќи е многу добро прифатено од младите од овие градови.До летото оваа Европска куќа ќе биде отворена во Велес и младите во Велес ќе имаат уште едно катче за рекреација, едукација со приближување на вредностите на ЕУ во Велес“, рече меѓу другото градоначалникот Колев.

Градоначалникот Колев и амбасадорот Гир направија увид во изведбата на градежните работи за преадаптација на просторот на поранешното Градско кино во Европска куќа на младите, во строгиот центар на Велес.

Битола Дејвид Гир ЕУ Хаус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.