Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фрчкоски: Бугарската позиција нема влијание за прашањето дека постои македонско малцинство, важно е дека е запишано во ОН

0
By Ана Василевска on March 1, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 1, 2023 13:22

Амбасадорот на Северна Македонија во Обединетите нации во Њујорк Љубомир Фрчкоски, вели дека е важно што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија и оти бугарската позиција во однос на ова прашање нема влијание.

Според Фрчкоски, тоа е прашање на факти, а не на политички изјави, дали постои или не одредено малцинство.

„Тоа е прашање на факти кои се утврдуваат со меѓународни извештаи и фактографско пишување на меѓународни организации. А фактите се дека дел од извештатите на ОН евидентираат оти ова малцинство постои, дел од извештаите на Стејт департментот, дел од извештаите на групите за права на малцинствата и сите извештаи од Европската Унија. Тоа е прво, и второ се пресудите на Судот во Стразбур“, изјави Фрчкоски за Гласот на Америка на македонски јазик.

На прашањето дали како амбасадор во ОН ќе покрене иницијатива за осуда на Бугарија за непочитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права да дозволи регистрација на здруженија кои што имаат за цел признавање на македонското малцинство, Фрчкоски наведува дека „такви резолуции околу мацинските права не се дојдени сега на третиот комитет, но кога ќе дојдат ние ќе имаме јасен став околу постоењето на тие малцинства и почитувањето на нивните права, со една посебна тежина како земја која тоа го прави во својата држава“.

„Во таа смисла, кога ќе дојде моментот и местото за тоа, ние ќе бидеме навистина за правата на малцинствата и посебно за нашето во соседните земји“, вели Фрчкоски.

Според мего, главната линија за признавање на малцинствата и борбата за нивните права оди преку стандардите на ЕУ и пресудите на Стразбур, оти постапката во ОН е „многу подолга, многу покомплицирана и многу поблага во однос на резултатот“.

Но, битно е, вели тој, што во ОН се регистрирани поплаки во однос на правата на македонското малцинство во Бугарија.

„Ние сме на страната на земјите кои ги почитуваат стандардите, кои успеале да направат дури неверојатни договори кај идентитетските прашања. Од таа страна и од таа позиција нашиот збор тежи, нашите збор и влијание имаат сосема друга улога отколку како земја која не коже да си ги реши проблемите. Она што мислиме да го направиме е да одржиме едно ниво на присутност и јасност кое историски дефинитивно има право и на краток рок да ја освои својата вистина. Конечно да победи“, рече Фрчкоски.

Во август минатата година, Канцеларијата за човекови права на ОН, за Гласот на Америка на македонски, соопшти дека согласно извештај што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, Владата на Бугарија треба да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство.

„Извештајот ја повикува бугарската Влада да ги обезбеди и заштити правата загарантирани во уставните одредби на земјата за почитување на правото на етничко самоопределување, вклучително и правата на слободата на изразување и слободата на здружување на припадниците на македонското малцинство. Извештајот, исто така, нагласува дека политиките кои се однесуваат на признавањето и правата на малцинските групи мора да се проценат во однос на обврските на државата, согласно меѓународниот закон за човекови права“, истакнаа тогаш Канцеларијата за човекови права на ОН.

Овој извештај забележа дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.

Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека правата на малцинствата се заштитени со различни договори за човекови права, вклучително и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, а како потписник на двата договора, Бугарија има обврска да ги почитува обврските кои произлегуваат од нив.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур на крајот на јануари, пак, соопшти дека во текот на 2022 година донел 27 пресуди за Бугарија, а во 25 од нив било утврдено прекршување на човековите права.

Бугарија Љубомир Фрчкоски ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.