Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови детали за причините за грчката трагедија предизвикаа политички земјотрес

0
By Ана Василевска on March 6, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2023 13:25

Пишува: Борјан Јовановски

Трагедијата со возот што ги чинеше животите на најмалку 57 луѓе – главно млади и студенти – најверојатно ќе ги промени плановите на грчката владејачка партија Нова демократија за следните избори закажани за 9 април.

Во меѓувреме, млади луѓе протестираа во грчките градови повикувајќи на правда за случајот под слоганот „пишете ми кога ќе пристигнете“, додека полицијата беше критикувана дека употребила солзавец против нив.

Грчките медиуми известуват дека  трагедијата ќе има огромни политички  последици  за конзервативниот премиер Киријакос Мицотакис и планираниот датум за избори на 9 април, бидејќи ќе се совпадне со 40-дневната комеморација на жртвите.

Поради ова не е исклучено владата да ги презакаже изборите но како и да е тие ќе треба да се одржат најдоцна до јули.

Нова демократија  досега водеше во сите анкети  но, сега се  очекува  драстичен пад на нивниот рејтинг.

По жестоките критики за првата изјава на Мицотакис во која причините за трагедијата се  припишува  „главно на човечка грешка“, Мицотакис викендов се извини со порака на  Фејсбук.

„Се извинувам лично, но и во името на сите оние кои со години управуваат со земјата затоа што, навистина, во Грција во 2023 година е невозможно два воза да се движат во спротивни насоки на иста линија, а никој тоа да не го забележал“. , напиша грчкиот премиер.

Тој, исто така, вети дека наскоро ќе ги претстави новите безбедносни мерки на железницата и ќе побара средства од ЕУ за модернизација на железничкиот систем во земјата.

„Неговото извинување доцни пет дена“, се вели во соопштението на главната опозициска партија), додавајќи дека дури и во овој трагичен момент, премиерот се обидел да ги отфрли своите одговорности кон претходните влади.

Во меѓувреме, управникот на станицата, кој наводно ја направил грешката што довела до најсмртоносната железничка несреќа, беше обвинет и приведен во неделата.

На 59-годишниот маж му се заканува кривична пријава за нарушување на безбедноста во сообраќајот за која се предвидува казна до доживотен затвор.

Сепак, партијата Сириза откри документи во кои се тврди дека службеникот  бил незаконски ангажиран на оваа позиција.

Документите сугерираат дека старосната граница за неговото работно  место била 48 години, а тој бил над таа возраст кога бил ангажиран.

 

 

железничка несреќа во Грција Киријакос Мицотакис Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.