НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лојд Остин во ненајавена посета на Ирак

0
By Ана Василевска on March 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во ненајавена посета на Ирак.

Според американските медиуми, посетата има за цел да покаже дека САД се решени да го задржат своето воено присуство во земјата речиси 20 години откако коалицијата предводена од САД го нападна и го собори режимот на Садам Хусеин.

Инвазијата во 2003 година доведе до смрт на десетици илјади цивили и нестабилност што на крајот го отвори патот за подемот на групата Исламска држава (ИД) откако САД ги повлекоа своите борбени трупи од Ирак во 2011 година.

Остин, кој е највисокиот претставник на администрацијата на претседателот Џо Бајден кој е во посета на Ирак, беше последниот командант на американските сили во земјата.

„Тука сум да го потврдам стратешкото партнерство меѓу САД и Ирак додека се стремиме кон побезбеден, постабилен и посуверен Ирак“, рече шефот на Пентагон.

Во моментов, САД имаат 2.500 војници во Ирак и 900 во соседна Сирија, кои ги советуваат и помагаат локалните безбедносни сили во борбата против ИД, која во 2014 година зазеде големи делови од двете земји. Коалицијата предводена од САД последователно ги врати овие територии од џихадистите во 2019 година.

„Она што Ирачаните ќе го слушнат од него е посветеност на одржување на присуството на нашите сили, но не се работи само за војската. САД се многу заинтересирани за стратешко партнерство со владата на Ирак“, изјави висок американски функционер од областа на одбраната, кој побарал да остане анонимен.

Посетата на Остин исто така има за цел да го поддржи ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани во неговата борба против влијанието на соседен Иран во земјата.

Ирак Лојд Остин Пентагон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.