Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Потребно е да направиме повеќе за еднаквите можности на жените и мажите, борбата за еднаквост не смее да запре

0
By Ана Василевска on March 8, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 8, 2023 11:27

Време е да создадеме општество во кое жените нема да треба постојано да вложуваат натчовечки напори за да го реализираат својот потенцијал, порачува меѓу другото претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод Меѓународниот ден на жените.

„Денеска кога ја одбележуваме децениската борба за социјална, економска и политичка еднаквост на жените, да се потсетиме дека секоја жена има право на слободен избор за своето тело, семејство, образование, занимање, работа, кариера, развој, политичко дејствување и учество во јавниот живот“, се наведува во честитката.  

Според него, ниту едно општество не може да се развие доколку половина од населението е исклучено од тој развој.

„Мораме да се застапуваме за поголемо политичко учество на жените, поголем број на жени на раководни позиции, да носиме политики во кои ќе ги планираме потребите на жените, буџети кои ќе ја имаат родовата димензија. Да создаваме општествен амбиент што ќе овозможи повеќе жени да бидат вклучени, а не исклучени. Доколку сакаме да изградиме модерно, отворено и демократско општество потребно е да направиме повеќе за еднаквите можности на жените и мажите, а нерамноправноста, дискриминацијата и шовинизмот да ги оставиме во минатото. Жртвите на родово-базирано насилство мора да добијат правда. Треба гласно и одлучно, и стратешки и тактички, да се бориме против родово-базираното насилство, за кое мора секогаш да има праведна разрешница. Борбата за еднаквост не смее да запре“, стои во честитката од претседателот Пендаровски. 

родова еднаквост Стево Пендаровски Честитка 8-ми март
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.