НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мандиќ: Ѓукановиќ мора на демократски начин да се отстрани од функцијата претседател на Црна Гора

0
By Ана Василевска on March 8, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателскиот кандидат на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, за изборите во Црна Гора, на предизборен форум во Даниловград изјави дека Мило Ѓукановиќ мора демократски да биде сменет од претседателската функција и додаде дека е сигурен оти граѓаните ќе гласаат како што гласаа на 30 август 2020 година и во октомври на локалните избори низ цела Црна Гора.

„Собранието беше ослободено од поранешниот режим во 2020 година, ослободена е и владата, а остана уште едно упориште, кое се вика претседател на Црна Гора. Бараме да бидеме многу подобра и почесна влада од онаа што ја имаше Ѓукановиќ, тоа е нашата основна идеја“, рече Мандиќ.

Тој наведува дека желбата на политиката што ја застапува е да ја вработи цела Црна Гора.

„Поставивме неколку амбициозни проекти, особено во градовите каде што има големи компании, како што се Пљевље и Никшиќ. Побаравме во тие градови до следните локални избори ниту еден човек да не биде на бирото. Имаме многу идеи како да отвориме нови работни места“, објаснува Мандиќ.

Тој посочи дека привлекувањето инвеститори е можно со чесна политика и без корупција.

„Првиот морален столб на кој треба повторно да се изгради Црна Гора е да се помири. Луѓето во една заедница мора прво да имаат добри односи и ние подадевме рака и ги поканивме сите оние луѓе кои гласаа за ДПС да се помират, за разлика од оние кои гласаа со години и кои се обидуваа да не повредат и дискриминираат. Доаѓаме како нови победници и нема да се однесуваме како нив. Тоа е добра основа на која сите заедно можеме да изградиме нова Црна Гора“, рече тој.

Мандиќ изрази очекување дека ќе ја добие довербата од народот за утре како претседател, претставувајќи ја Црна Гора, да застане пред сите со исправен рбет, знаејќи дека доаѓа од мала, но чесна и доблесна држава.

„Мора да се смени многу од она што го воспостави системот на Ѓукановиќ. Бараме секој граѓанин да биде подготвен да работи за да го издржува своето семејство и со тоа да не зависи од никого, заклучи Мандиќ“, пренесе порталот РТЦГ.

Андрија Мандиќ Мило Ѓукановиќ Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.