НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешниот Јеховин сведок што изврши масакр во Хамбург имал дозвола за оружје

0
By Ана Василевска on March 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Напаѓачот кој синоќа во Хамбург уби седум членови на заедницата на Јеховините сведоци, а потоа се самоуби, порано и самиот припаѓал на оваа заедница и имал дозвола за носење оружје, соопшти полицијата во Хамбург.

„Никогаш не сме виделе масакр од вакви размери во Хамбург“, рече Енди Гроте, сенатор за внатрешни работи на градот-сојузна покраина Хамбург. Тој објасни дека полицијата била на местото на настанот само четири минути по првиот повик.  Тој оцени дека брзото пристигнување на полицијата „спасило многу животи“. На состанокот во зградата имало околу 50 луѓе.

По пристигнувањето на полицијата, напаѓачот побегнал на првиот кат, каде си го одзел животот, соопшти Гроте.

Пред тоа, напаѓачот уби седум лица, меѓу кои, како што објасни Гроте, и едно неродено дете. Меѓу убиените има четворица мажи и две жени, сите германски државјани. Повредени се осум лица, од кои четворица потешко.

Напаѓачот е 35-годишниот Филип Ф., германски државјанин, кој порано бил член на заедницата на Јеховините сведоци и поседувал оружје за кое имал дозвола која му била издадена во декември минатата година.

„Според сегашните сознанија, Филип Ф. не ја напуштил заедницата на Јеховините сведоци во најдобри односи, рече Томас Радзувајт“, претставник на Канцеларијата за криминални истраги во Хамбург.

Полицијата пред неколку месеци добила анонимна пријава со која бара одземање на дозволата за носење оружје на Филип Ф., со образложение дека се работи за ментално болно лице „полн со гнев против верските заедници и неговиот поранешен работодавец“, но по при проверка, не се пронајдени детали кои би оправдале одземање на дозволата за носење оружје.

„При увидот во станот на Филип Ф., не се констатирани неправилности, а самиот сторител не оставил впечаток на ментално болно лице“, изјави Ралф Мартин Мајер, претседател на полициската управа во Хамбург.

При ноќниот претрес на станот на сторителот е пронајдена и поголема количина муниција, соопшти Ралф Петер Андерс од Државното правобранителство во Хамбург. Како што беше кажано, напаѓачот до сега не им бил познат на властите.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој и самиот долги години ја извршуваше функцијата градоначалник на Хамбург, изрази сочуство преку објава на Твитер.

„Моите мисли се со жртвите и членовите на семејствата. И со безбедносните сили кои ја извршија оваа тешка задача“, напиша Шолц.

Јеховин сведок Масакр во Хамбург оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.