Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сѐ во исто време“ – шампион на доделувањето на Оскарите, победи во речиси сите категории

0
By Соња Крамарска on March 13, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
Мишел Јао е првата актерка од Азија што освоила Оскар за главна улога
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 13, 2023 09:25

Филмот (Everything Everywhere All at Once) на режисерите Даниел Кван и Даниел Шајнарт за семејство кинески емигранти кои патуваат низ мултиверзуми и ја откриваат смислата на животот, апсолутно триумфираше во речиси сите главни категории на годинешното доделување на престижната холивудска награда.

Брендон Фрејзер доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кит“. И двата филма се дел од продуцентската куќа „А24“, која е специјализирана за мали независни филмови.

„Сè насекаде одеднаш“ освои Оскар за режија, главна актерка, спореден актер, споредна женска улога, оригинално сценарио, монтажа и најдобар филм. Мишел Јео е првата актерка од Азија што освоила Оскар за главна улога.

Филмовите „Елвис“, „Тажачките на Инеширин“ и „Тар“ беа најголемите губитници на ноќта.

Џејми Ли Кертис освои Оскар за споредна женска улога и Ки Хај Квуан за споредна машка улога.

Германската адаптација на „На запад ништо ново“, ремек-делото на романсиерот Ерих Марија Ремарк за ужасите од Првата светска војна, во Лос Анџелес освои Оскар за најдобар странски филм.

За најдобар анимиран филм е прогласен „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, а за краток анимиран филм, „Оскарот“ отиде кај „Момчето, кртот, лисицата и коњот“. Најдобар краток филм, според Академијата, е „Ирско збогување“.

Најдобар документарен филм е „Навални“ на режисерот Даниел Роер. Најдобар краток документарец е „Слонови шепкачи“ на Картики Гонсалвес.

Овогодинешното доделување на Оскарите доаѓа со една голема промена – црвениот тепих веќе не е црвен, туку бојата на шампањот.

Водител на церемонијата беше Џими Кимел, за кого ова е трет ангажман за Оскар.

За разлика од минатата година кога церемонијата беше засенета со шлаканицата што ја доби еден од најавувачите на награди, оваа година „црниот оскар“ му припадна на британскиот актер Хју Грант кој се „прослави“ со потценувачки однос во интервјуто што му беше направено по повод неговиот филм. Тој на прашањата одговараше кратко и без суштина, речиси со потсмев кон водителката на која и беше доделено неформално признание од набљудувачите дека заслужила „Оскар“ што останала присебна и професионална пред британскиот намќор Грант.

„Оскар“ 2023 „Се во исто време“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.