Две девојчиња се осомничени за убиство на 12-годишно девојче во Фројденберг, Германија, јавуваат германските медиуми.
Телото на девојчето било пронајдено во неделата, а подоцна било потврдено дека починала од насилна смрт, пишува Дојче веле.
Германските медиуми јавуваат дека две нејзини врснички се осомничени за убиството, .
Девојчето исчезнало во саботата вечерта додека се враќало дома од пријателите, а нејзиното тело било пронајдено еден ден подоцна во близина на велосипедска патека на границата на две германски покраини.
На местото на злосторството е пронајден и предмет кој најверојатно му припаѓа на еден од осомничените.
„Тој чин ме шокираше. Секое убиство е страшно, но да и се одземе животот на толку млада девојка е особено сурово. Целиот живот го имаше пред себе. Јас имам три ќерки, сега и внуци. Помислата колку е ужасно ова злосторство за нејзините родители е неподнослива. Сочувствувам со нив и се надевам дека ова злосторство наскоро ќе излезе на виделина“, изјави за Билд министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Рол.
Полицијата во текот на денот треба да одржи прес-конференција за да открие повеќе детали за кривичното дело.