Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

А бе земете лопатата и сработете нешто!

0
By Ана Василевска on March 15, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2023 11:32

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не можам, а да не го споделам впечатокот дека опозицијата и медиумите кои се влечат по нејзините опашки, едноставно, не можат да се помират со реалноста. Мега проектот за изградба на патиштата многу тешко ги погоди. Со фантастични 1,3 милијарди евра ќе се изградат 110 километри патишта. Ќе градат американски и наши фирми. Половина од парите, 600 милиони евра, ќе се слеат во домашните компании. И сѐ мора да биде според планот, прецизно и квалитетно. Тоа е голем проблем. Ама само за ВМРО-ДПМНЕ и за компаниите што се навикнати на нивните дилови.

Ксенофобија, прозивки, ксенофобија…

Веројатно затоа, уште незапочнат проектот, а опозицијата веќе го прозива Јавното обвинителство да поведе истрага. За можна корупција!

Утрово ќе одам на работа со кола. Според вмровската логика, комшијата треба да се јави во полиција и да ме пријави дека е можно да се паркирам погрешно. Така некако му доаѓа.

Да пукнеш од смеа. Башка, патиштата изградени во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа идеални, нели? Со точни траси, со тунели кои не се промашуваат, со рационални цени на изведба, квалитетни…

Опозицијата не пропушти да игра и на картата ксенофобија, па на социјалните мрежи и во јавната комуникација веќе ја пласира тезата дека земјава ќе се преполни со работници од „непожелни земји“. Во ист такт свират и градежниците. А медиумите послушно им го отстапуваат целиот простор што им треба. Како огласни табли.

И „багер револуција“

Читајќи за реакциите на градежниците и нивните закани со „багер револуции“ (преку „Слободен печат“), ми текнуваат (најмалку) две работи.

Едната се разговорите Груевски и Јанакиески – нивните разговори и договори за местење тендери и процентите што треба да се земат од тие дилови. Дека, нели, Груевски беше дил ориентед. До ден денешен се згрозувам од нивните разговори, кои ѝ прилегаат на една мафија, а не на луѓе што водат држава. Истовремено, тие разговори се надреални и урнебесно смешни. Но кога ќе помисли човек колку животи се упропастени, колку тешки штети предизвика тоа – до корен – корумпирано и разбојничко однесување, смеењето исчезнува.

Да се потсетиме.

Евергрин дијалог

НГ: Миле што правиш?

МЈ: Добро, кај Кире сме на гости.

НГ: Кај кого?

МЈ: Кај Кире, Кире.

НГ: А така. За ова ти колку предлагаш?

МЈ: 5 на целото.

НГ: Што 5 на целото?

МЈ: 5%.

НГ: Не, не у точен износ колку?

МЈ: Па сега зависи колку ќе биде, помеѓу 15 и 18.

НГ: Ти како, како процент збореше таму или како бројка точна?

МЈ: Па…тие го спомнаа тоа, и генерално си е океј вака тоа. 5 на тоа што ќе помине. Тоа зависи од понудата, ама помеѓу 15 и 18 би се движело, согласно некои проекции колку би понудиле.

НГ: Ќе ти прифатат толку?

МЈ: Ако му кажиме ќе прифатат, да, не е тоа ништо. И на другото е толку.

НГ: Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството.

МЈ: Еве ја одев по некоја аналогија од претходното, и… и тие спомнаа во една прилика така. А, три е… три е онака, коректно.

НГ: Мхм. Пробај со 15, да видиме како ќе ти реагираат, па ајде, јави се.

МЈ: Океј.

НГ: Ајде.

За оние што заборавиле или сакале да заборават

За оние што заборавиле или сакале да заборават (од познати причини), бројките во овој разговор се однесуваат на проценти и тешки милионски суми. Бројот пет во разговорот означува 5 проценти. Кога Миле-ми-текна-Јанакиески вели 15 до 18, мисли на милиони евра. Тоа е износ од пари што се наменети за приватниот џеб на Груевски! Нешто веројатно предвидел и за Фамилијата! Математиката покажува дека се работи за зделки од 300 до 360 милиони евра! Од кои, „скромни“ пет (проценти) или 15 до 18 милиони евра биле предвидени за Груевски. Кои, пак, треба да ги добие од „жутите“ (расистички израз за азиските народи). Фуј!

Во еден друг разговор на Миле Јанакиески со изведувач на работите на автопатот Кичево-Охрид, разговараат за суми од 193 милиони евра, на кои (изведувачот) „му удривме некој коефициент на корекција“. Па со таа „корекција“ излегле негде 267 милиони евра. А потоа, во текот на разговорот, таа цифра се заокружува на 270 милиони евра. Како да разговараат за кикиритки!

Можно ли е сето тоа да се заборави!? Јас не можам. Затоа што, само таа „ситна“ разлика, по „корекцијата“ изнесува 74 милиони евра. За кого, по ѓаволите!? Веројатно тоа се вртоглави суми, па не ги ни доживуваме како вистински. Но замислете, на сета таа „корекција“, уште и заокружуваат со додавање цели три милиони евра. Три милиони евра за нив се како дел од нас кога не го земаат едното денарче кусур на каса. Само тие три милиони можат да значат помош за подобар живот на многу луѓе, за нивното здравје, поправка на училишта, градинки, амбуланти… Тие ли со „багер револуција“ ќе ја бараат правдата – парите да не оделе кај странци, а и работници да не ни доаѓаат од „непожелни“ земји? Какви неранимајковци!

Со погледот на „неутралците“

Да гледаме во сегашноста, би рекле „неутралците“ и да ги оставиме овие разговори во минатото. Што да видиме во сегашноста? Поправка на една улица од 500 метри (24Инфо) во најстрогиот центар на главниот град ја изведуваат половина година, а крајот на работите не се гледа.

И тие улици што ги поправаат обично излегуваат полоши отколку што биле пред „големиве градежници“ да почнат со поправките. Вистински хаос владее низ Скопје, како што може да се види и од прилогот на Локално. Да не зборуваме за делниците од автопатите што ги прават или поправаат. Ни требаат теренски возила за да ги совладаме сите препреки што ни се поставени на улиците и патиштата.

Да ги тргнеме настрана, за миг, и едните и другите (и тие од претходно, и овие сега). Без оглед на тоа дали и колку едните биле корумпирани, а другите не се воопшто или не се толку корумпирани – останува уште едно прашање, прилично важно, ми се чини.

Урбана мафија

Какви тоа градежни компании имаме ние?

Сите нешто зборуваат за урбаната мафија и дека администрацијата што се занимава со урбанизам и градежништво е корумпирана. Склон сум да поверувам дека тоа е така. Можеби дури и полошо.

Но што со фирмите? Тие се ангели? Или тие се машинеријата што пере пари, нуди и исплаќа проценти? И последна грижа им е да ја завршат работата, ако воопшто им е грижа. Ова се однесува и на оние што градат (крадат) со државни пари во инфраструктурни проекти на државата, и на оние што се приватни инвеститори во изградбата на станбени и други објекти. Вистински мафијаши! Ама барем да беа ербап нешто и да направат! Една улица не знаат да направат. За автопати, тунели, вијадукти, мостови – да не зборуваме. Колку луѓе се жалат од зградите во кои купиле станови!? Еве, без политика. Само да видиме колку ги бива.

И после тие, истите, ѝ се закануваат на владата со „багер револуција“… А бе земете лопатата и сработете нешто!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
медиуми Никола Груевски Миле Јанакиески Урбана мафија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.