НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Полиграф: Кој дезинформира за бројот на нерасветлени убиства во земјава?

0
By Ана Василевска on March 15, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, на прес – конференција на 07.03.2023, изнесе тврдење дека во последниве осум години во земјава имало стотина нерасветлени убиства: „Додека Спасовски осум години е прв човек на полицијата, се случија стотина нерасветлени убиства“.

Истиот ден, повеќе медиуми ја пренесоа оваа изјава на портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, без да ги проверат податоците.

Но, изјавата на Стоилковски содржи неточни информации. Прво, на страницата на МВР може да се види дека Спасовски не бил осум години прв човек на полицијата, туку околу шест години со прекини: од 11.11.2015 до 18.05.2016, од 02.09.2016 до 29.12.2016, од 31.05.2017 до 03.01.2020, и од 31.08.2020 досегa. 

За да го провериме тврдењето на Стоилковски, побаравме податоци и од МВР. Во одговорот на МВР се вели дека во периодот од јули 2017 година до јануари 2023 година имало 104 кривични дела убиство, а од нив само девет се со непознат сторител. Дополнително, за споредба, од 2011 до јули 2017 имало 152 кривични дела убиство, од кои 19 со непознат сторител.

Податоците на Државниот завод за статистика укажуваат дека од 2016 до 2021 година се случиле 131 убиство. Според податоците, бројот на убиства во годините кога Спасовски бил министер е помал од бројот на убиства пред 2015, кога за првпат станал министер. На пример, во последното соопштение на Заводот за „Насилната смрт во Република Северна Македонија, 2021 година“ се вели дека во 2021 се случиле само 8 убиства.

Според годишните извештаи на МВР, во 2017 година нерасветлени останале 4 убиства, во 2018 било нерасветлено 1 убиство, во 2019 имало нерасветлени 3 убиства, во 2020 биле расветлени сите убиства, а во 2021 имало 2 нерасветлени убиства.

Официјалните податоци укажуваат дека е невистинито тврдењето на Стоилковски за стотина нерасветлени убиства во последните осум години. А медиумите се должни е да ги проверуваат податоците пред да ги објават, вклучително и од партиски соопштенија.

Извор: smk.mk

ВМРО-ДПМНЕ дезинформации Полиграф
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.