НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Албанија е зголемен бројот на случаи на перење пари

0
By Ана Василевска on March 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Алтин Думани
Алтин Думани
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари.

„Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени од странски законодавци. СПАК посвети посебно внимание на кривичните дела трговија со
наркотици или тероризам. Случаите поврзани со корупција се зголемени за 30 отсто“, истакна тој, јави Ора њуз.

Од друга страна, тој наведе и дел од проблемите што ги констатирал во периодот додека е на чело на СПАК, а кои мора да се решат што поскоро.

Меѓу овие проблеми, рече тој, е пренесувањето на значителен број предмети од претходните години, како и немањето капацитети за обвинители, главно за истражителите на Бирото за истраги.

Додаде дека работат во многу ограничен амбиент и дека тоа може да предизвика „уништување на докази што ги собрале во текот на истрагата за одредено прашање“.

„Недостигот од простории и канцеларии каде ги извршуваме нашите функции е уште еден проблем, имаме алармантна состојба. Немаме канцеларии за обвинители, особено за истражители на Националното биро за истраги. Имаме многу докази во многу ограничена средина, ризикуваме да ги уништиме“ оцени тој.

Според него останува проблем и состојбата со заостанатите предмети од изминатите години.

„Има значителен број на предмети пренесени од други години и тоа е проблемот со кој обвинителите мора да се соочат и да дадат решение. Всушност, ова е проблем. Со оглед на овој проблем, одржав средби со обвинителите, за документирање на проблемот и согледување на реалните можности како може што поскоро да се завршат истрагите, но не на сметка на квалитетот“, посочи тој.

На функцијата прв човек на СПАК, со тригодишен мандат, Думани беше избран во 18 декември минатата година, кога најави дека „обвинителството преминува во поагресивна борба против корупцијата на функционерите на сите нивоа“.

Албанија Алтин Думани перење пари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.