НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ за ЦИВИЛ Медиа: Треба да ни бидат во интерес Уставните измени, за да направиме дистинкција помеѓу македонскиот народ и Бугарите

0
By Jane Gjorgioski on March 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Брисел денеска продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4, со Поглавјето 21 за Трансевропска мрежа, заедно со Поглавјето 15 – Енергетика. Во исто време, во подготовка се извештаите за скрининг процесот за Кластерот 1 – Темели и Кластерот 2 – Внатрешен пазар.

Вчера пак почна објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 со Поглавјето 21 – Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 – Транспортна политика кој го отвори Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој вели  дека трансевропски мрежи и транспортна политика, како и енергетиката се многу важни поглавја каде што ние како држава имаме и што да кажеме, но имаме и уште многу што да направиме.

-Трнасевропските мрежи и транспортната политика се клучни елементи на преговорите, особено на кластерот 4 – Зелена агенда и одржливо поврзување, бидејќи го опфаќа инфраструктурниот развој на државата во текот на преговорите за членство во ЕУ, но и суштината на поврзувањето на сите коридори низ Северна Македонија, вели Маричиќ во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа во Брисел.

Тој додава дека овие инфраструктурни промени ќе ни овозможат во подобрување на поврзувањето со останатиот дел од Европа и ќе ни овозможат полесно движење на воспоставување на економска динамика со ЕУ.

-Најголемите инвестиции се токму во оваа област, ако се погледнат ИПА2 и ИПА 3 програмите се фокусирани на базична инфраструктура во секое место во земјава, патните правци, еднаква дистрибуција на центрите за отпад но исто така и довршување на клучните коридори, како што се Коридорот 8 кој го поврзува Јонското Море со Црното Море и Коридорот 10 кој е веќе финишоран и кој се протега од нашата северна граница со Србија, а на југ со Грција.

На прашањето за еден од најактуелните спорови, поточно блокадата од Бугарија и уставните измени за внесување на бугарското малцинство, но и другите малцинства, Маричиќ вели дека ова концептуално сме го решиле пред повеќе од 20 години, дефинирајќи го нашиот устав сосема поинаку од другите држави.

-Нашиот Устав е дефиниран на македонски народ како доминантно населние и повеќе етнички заедници кои ги уживаат истите права. Тој концепт е направен уште во 2001-та година, тоа значи дека Цеверна Македонија е дом за сите граѓани, без разлика како се изјаснуваат етнички и денес не гледам зошто би било проблем во таа низа од 6-7 етнички заедници да се додадат уште неколку како што се Хрватите, Црногорците и Бугарите, доколку има и други се разбира со цел да ја комплетираме оваа обврска кон ЕУ, вели Маричиќ.

Тој додава дека таа обврска е веќе прифатена во преговарачката рамка и на ниту еден начин не го редефинира нашиот државен и уставен концепт ниту пак ја загрозува нашата позиција и нашиот идентитет.

-Тоа што од тактички, од политички причини опозицијата тврди дека тоа е некакво предавство, а тоа не може да биде предавство бидејќи тоа е нашата суштина на уставот уште пред повеќе од 20 години и тоа е концептот кој на некој начин ја спаси државата од понатамошен конфликт. Затоа според мене тоа е само политичка игра која опозицијата ја користи за поени, а реално нема пречка да се заврши тоа и да продолжиме понатаму на патот кон ЕУ, вели Маричиќ.

Вицепремиерот вели дека вистина е дека бевме неправедно блокирани од нашите соседи и дека направивме крупни отстапки како земја на нашиот евроинтеграциски пат, но токму заради тоа и сето она што го имаме вложено досега треба да ги изодиме и овие чекори бидејќи нашата стратешка определба нема да дојде сама од себе, туку ќе дојде само доколку ги надминеме пречките.

-Тоа го видовме и со НАТО, ние повеќе од 10 години се надевавме на членство под некаква лажна надеж дека Грција ќе се откаже од своите барања, а со тек на време нашите позиции не стануваа подобри, напротив стануваа полоши. Денес не сметаме дека суштински тоа е некакво наметнато барање од Бугарија туку тоа е нешто што нам треба да ни биде во интерес да го направиме за да направиме дистинкција помеѓу македонскиот народ и Бугарите, од друга страна ако одредени групи бараат да ги ставиме дел од уставот да докажеме дека сме отворена, слободна и демократска држава, која секогаш била предвесник најуспешна во зачувувањето на правата на заедниците, додава Маричиќ.

Во поглед на Скрининг извештајот за Кластерот 1, кој од Европската комисија се очекува во најскоро време, Маричиќ вели дека не очекува изненадувања туку очекува работа.

Овој Кластер опфаќа клучни поглавја како што се 23 и 24, правосудството и темелни права и право, слобода и безбедност, но има и економски критериуми има борба против корупција, тоа е навистина клучно поглавје. Врз основа на тој извештај ние ќе треба да ги комплетираме т.н патокази за владеење на право, за јавна администрација и за функционирање на демократски институции и тие задачи да ги зацртаме за наредните седум години. ЗАтоа очекувам длабинска анализа и длабински задачи во сите области од реформи на одредени институции и подобрување на нивниот учинок во работата, подбрување на условите до обврски во смисла на законски измени, но клучно е подобрување на начинот на кој се имплементираат законите, начинот на кој функционираат судството и обвинителството и некои други институции поврзани со владеењето на правото, заклучува Маричиќ.

Соња Танеска / Цивил Медиа

ЕУ интервју Марчиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.