НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска – Бриегер: Северна Македонија е извозник на безбедност и стабилност во регионот и во Европа

0
By Ана Василевска on March 20, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Брисел се сретна со претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генералот Роберт Бриегер, со кого разговараше за придонесот на Северна Македонија кон регионалната и глобалната безбедност и за интензивирањето на одбранбената соработка помеѓу нашата држава и Европската Унија.

„Навистина можеме да бидеме горди на постигнатото. Од увозник на безбедноста, Северна Македонија се позиционираше како столб на регионалната безбедност и стабилност. Потврда за тоа е нашето учество во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА од 2006 година, како и нашето учество во борбените групи на Унијата“, рече министерката на состанокот.

Посочи дека досега 363 армиски припадници биле дел од АЛТЕА, додека во мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република учествувале шест армиски офицери.

Како што информираат од МО, Петровска изрази задоволство од силниот интензитет на одбранбената соработка помеѓу земјата и Европската Унија и се заблагодари за европската поддршка на процесот на модернизација и опремување на Армијата со девет милиони евра обезбедени преку Европскиот мировен фонд.

„Фактот дека Европскиот мировен фонд покажа интерес да го поддржи опремувањето и модернизацијата на Армијата со 9 милиони евра, покажува дека интересот за уште поблиски односи помеѓу Северна Македонија и Унијата е голем. Нашата земја го започна пристапниот процес, нашето општество е базирано на современи европски вредности и ние припаѓаме на Европа“, заклучи министерката.

Генералот Бриегер изрази задоволство што и двете страни се амбициозни во намерата да ја зацврстат одбранбената соработка и се заблагодари за долгогодишното учество на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисии и операции на Унијата.

Европска унија Роберт Бриегер Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.