Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Злосторникот на местото на злосторството

0
By Xhabir Deralla on March 20, 2023 ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 20, 2023 12:09

ЏАБИР ДЕРАЛА

Злосторникот, се прикраде под плаштот на ноќта, и дојде на местото на злосторството. Без срам, во знак на крајна ароганција и омаловажување на меѓународната правда која издаде налог за негово апсење, воениот злосторник, рускиот диктатор, Владимир Путин, дојде да се слика во окупираниот украински град Мариупол.

Тоа е истиот град кој Русите, под команда на злосторникот Путин, го срамнија со земјата, бидејќи не можеа поинаку да го освојат. Градот буквално го уништија. Се проценува дека 90-95% од градбите во Мариупол се уништени или тешко оштетени. Опсадата траеше три месеци, иако украинската одбрана беше далеку помалобројна и послабо вооружена од онаа на орките, како што се нарекуваат припадниците на руските агресорски сили.

Битката кај индустрискиот комплекс Азовстал, кој украинските бранители го претворија во неосвоиво упориште, влезе во историјата на човештвото како херојски подвиг со кој беше предизвикан и понижен неспоредливо посилен непријател – агресор. Гневот поради неуспехот да го окупира градот, рускиот агресор го истури врз цивилното население, со невидена ѕверска ладнокрвност. Со непрекинато бомбардирање, изгладнување, уништување на инфраструктурата за снабдување со основните животни потреби и со блокирање на хуманитарната помош – така им успеа да го окупираат овој град херој, симболот на украинскиот отпор, како што ќе напишат во Си-Ен-Ен.

Се проценува дека се убиени повеќе од 25.000 цивили во тримесечната опсада. Невооружените цивили, меѓу кои голем број жени и деца, беа подложени на систематско бомбардирање, дури и со меѓународно забранетото термобарично оружје и други моќни артилериски и ракетни полнења.

Тоа е градот во кој беше убиена и малата Тања чиј живот згасна од дехидрација додека лежеше покрај мртвото тело на својата мајка под урнатините на нејзиниот дом, погоден од руските бомби. (Прочитајте: Можеш ли да замислиш? – посветено на малата Тања од Мариупол)

Ете, таму реши да оди потврдениот воен злосторник кој со своите крвави канџи го држи престолот во Кремлин. Исто како и Хитлер во 1941 година, ќе напише советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашенко.

Ноќниот упад на Путин во Мариупол е лошо планиран. Од строго контролираниот материјал што е достапен, може да се заклучи дека тој е параноичен и уплашен. Ништо во неговото доаѓање во окупираниот Мариупол не може да се поврзе со победник. Напротив, само уште еднаш потврди дека е криминалец за кого меѓународната правда издаде и налог за апсење поради воени злосторства.

Со оваа избрзана и нервозна постапка, Путин предизвика само уште погласна осуда и згрозување. Германскиот министер за внатрешни работи изјави дека, ако Путин се појави во Германија, ќе биде уапсен. Впрочем, тоа е и обврска на сите држави што ја признаваат јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд.

Ете, со таков лик ќе се сретне кинескиот претседател Ши Џинпинг во Москва.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.