Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април

0
By Ана Василевска on March 21, 2023 ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 21, 2023 15:04

Владата  денеска ја замрзна цената на  јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти  следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина  што ја набавувале во јануари и февруари годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.

„За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка,  производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година“, рече Ковачевски на прес-конференција по владината седница.

Овие мерки, укажа, не ги носиме произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, кои се реализирани во изминатиот период.

Ковачевски порача дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот и на светските пазари и оти соодветно на тоа ќе реагираат со владините механизми.

Целта, нагласи, е да не дозволиме дисбаланс на домашниот пазар, што би се одразило и врз семејниот буџет на граѓаните.

Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, потсети премиерот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи.  И овие одлуки, како и денешната, посочи, беа донесени врз основа на претходно направени анализи, а се во правец на заштита на интересите на граѓаните и заштита на домашниот пазар од нарушувања во однос на понудата и побарувачката.

Како што нагласи Ковачевски, Владата продолжува со трендот да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, со цел полесно справување на последиците од актуелната светска економска и енергетска криза. Ќе делуваат, најави, согласно потребите и интересите на граѓаните.

„Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Затоа и ги носиме сите овие мерки, за да олесниме на граѓаните и да го подобриме квалитетот на животот на сите“, рече Ковачевски.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

Влада Димкитар Ковачевски замрзнати цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.