Апсењето на рускиот претседател Владимир Путин по налог за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела, би било „објавување војна“ против Москва, предупреди вториот човек на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што е тоа? Објавување војна на Русија“, изјави синоќа рускиот функционер.
Ако тоа се случи, тогаш „сите наши способности, проектили и друго, ќе паднат врз Бундестагот“, додаде Медведев.
На 17 март Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кого го сомничи за воени злосторства, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.