НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестите ја одложија посетата на британскиот крал Чарлс на Франција

0
By Соња Крамарска on March 24, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посетата на британскиот крал Чарлс Трети на Франција е одложена на барање на францускиот претседател Емануел Макрон, а одложувањето на патувањето е договорено со сите страни, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор од кабинетот на британскиот премиер Риши Сунак.

Претходно, агенцијата Франс прес, повикувајќи се на Елисејската палата, објави дека посетата на британскиот монарх на Франција, планирана за 26 – 29 март, ќе биде одложена поради бранот протести во земјата против зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

„Оваа одлука е донесена со согласност на сите страни, откако францускиот претседател побара од британската влада да ја одложи посетата“, ја цитира агенцијата изјавата на портпаролот на канцеларијата.

Бакингемската палата изрази надеж дека посетата на Чарлс Трети на Франција ќе се случи што е можно поскоро, пренесе агенцијата. „Нивното височество ја поздравува можноста да ја посети Франција веднаш штом ќе се најдат датуми“, се вели во соопштението на палатата.

На почетокот на март, Елисејската палата објави дека британскиот крал Чарлс Трети ќе ја оствари својата прва државна посета на Франција од 26 до 29 март. Беше речено дека посетата ќе ги нагласи „длабоките историски врски“ меѓу земјите и ќе биде „чест за Франција“. Макрон на 27 март во Версајскиот дворец требаше да приреди официјална вечера во чест на британскиот монарх и неговата сопруга Камила.

Подоцна медиумите објавија дека програмата на посетата на кралот Чарлс Трети на Франција би можела да биде променета и неговата вечера со претседателот Емануел Макрон, закажана за понеделник, можеби нема да се одржи во палатата во Версај поради демонстрациите против пензиските реформи. Покрај тоа, францускиот синдикат SUD-Rail ги повика сите „да одат во Версај“ за да протестираат против посетата на британскиот крал.

Франција Чарлс Трети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.