НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најголемиот синдикат во Израел најави генерален штрајк

0
By Ана Василевска on March 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Штрајк во Израел
Штрајк во Израел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на најголемиот синдикат во Израел, Арнон Бар-Давид за денеска најави генерален штрајк во знак на протест против плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за реформи во судството.

Денешната одлука на Хистадрут, која претставува повеќе од 700.000 работници во различни сектори, од банки до транспорт и здравство, може да парализира голем дел од економијата на Израел.

Бар-Давид рече дека најавува „историски“ штрајк на работниците во обид да го „запре лудилото“ на контроверзните реформски планови на владата.

„Се грижиме за судбината на Израел. Заедно велиме – доста е. Го изгубивме нашиот пат – не се работи за десница и левица. Не можеме натаму да ја поларизираме нацијата“, рече лидерот на Хистадрут.

Тој прецизираше дека трговските центри и фабриките ќе бидат затворени, а штрајкот го вклучува и здравствениот сектор.

„Штрајкот ќе започне денеска доколку Нетанјаху не објави дека ја прекинува реформата“, рече Бар-Давид во просторијата полна со деловни лидери, јавни службеници, вклучително и директори на болници кои повремено извикуваа „Демократија“.

Неговиот говор беше поздравен со овации. Бар-Давид досега се воздржуваше од вклучување на синдикатот во демонстрациите против предлозите за ограничување на овластувањата на судовите, објавија израелските медиуми.

Бенјамин Нетанјаху реформи Штрајк во Израел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.