НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакеларопулу: Не го менуваме ставот за независноста на Косово, ЛНГ терминалот во Александропулос битен за регионот

0
By Ана Василевска on March 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Катерина Сакеларопулу
Катерина Сакеларопулу
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу, во пресрет на посетата на Белград изјави дека ставот на нејзината земја, која не ја призна независноста на Косово, останува ист, без тенденција за промена. Таа порача и дека ЛНГ терминалот во Александропулос, што ќе биде пуштен во употреба на крајот на годината, ќе им помогне на Србија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, па дури и на Украина, да ја намалат и да ја елиминираат зависноста од рускиот природен гас, јави дописникот на МИА од Белград.

„Ставот на Грција, една од ретките членки на ЕУ што не ја призна еднострано прогласената независност на Косово, останува ист. Во исто време, Грција, покрај добро познатиот став за статусот на Косово и верна на нејзината политика на Западен Балкан, следи прагматичен и конструктивен пристап во однос на Косово, кој има за цел зајакнување на стабилноста и безбедноста, како и севкупен исчекор кон ЕУ интеграција на целиот регион, што и е наша стратешка цел“, изјави Сакеларопулу.

Таа кажа дека „интеграцијата на регионот на Западен Балкан во ЕУ е корисна инвестиција од стратешка природа, како за земјите-членки на ЕУ, така и за партнерите од Западен Балкан“.

„Ова е ставот што Грција постојано го застапува и промовира со децении. ЕУ не е целосна без Западен Балкан“, рече Сакеларопулу.

Претседателката на Грција го поздрави напредокот постигнат на двете средби меѓу Белград и Приштина во Брисел и Охрид со договорот и анексот за имплементација.

„Грција е подготвена да ги поддржи и Белград и Приштина на патот кон нормализација на нивните односи и да придонесе во меѓународните напори за подобрување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на луѓето во регионот“, рече таа.

„Во таа насока, го поздравуваме напредокот постигнат на двете средби во Брисел и Охрид со постигнатиот договор меѓу двете страни, како и за анексот за имплементација. Грција е подготвена да ги поддржи и Белград и Приштина на патот кон нормализација на нивните односи и да придонесе во меѓународните напори за подобрување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на народите во регионот“, додаде таа.

Во пресрет на дводневната посета на Белград, Сакеларопулу за весникот „Политика“ изјави и дека ЛНГ терминалот во Александропулос, кој ќе биде пуштен во употреба на крајот на годината, ќе им помогне на Србија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, па дури и на Украина да ја намалат и евентуално да ја елиминираат зависноста од рускиот природен гас, и дека ќе отвори нова порта на диверзификација за снабдување со природен гас за северните соседи на Грција, кои имаат мал или никаков пристап до алтернативни извори и рути за снабдување.

„Во комбинација со Трансјадранскиот гасовод, гасоводот Ист Мед и гасниот интерконектор Грција-Северна Македонија, постројката Александропулос ќе и помогне на Србија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, па дури и на Украина да ја намалат и на крајот да ја елиминираат нивната зависност од рускиот природен гас“, рече претседателката на Грција.

договор Србија Косово ЕУ Катерина Сакеларопулу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.