НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работната група за уставните измени ќе се формира неделава, ќе има столче и за ВМРО-ДПМНЕ

0
By Соња Крамарска on March 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешниот брифинг со новинарите на новиот министер за правда Лога
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Кренар Лога, на првиот брифинг со новинарите откако стапи на функцијата, посочи дека е „прашање на денови“ кога ќе биде формирана работната група за уставни измени во која ќе учествуваат претставници од повеќе области во државата.

Меѓутоа, тој за првпат кажа и дека се размислува и за други измени на Уставот, како што е измената во делот каде министерот за правда по функција е член на Судски совет, регулирање на вакумот со распуштање на Собранието и при смената меѓу еден и изборот на друг министер, како и во делот на тоа што беше проблематично во пандемијата и други прашања како што е делот со 20 проценти за јазикот.

„За нас приоритет останува Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата. Ако има расположение кај сите учесници, ние сме подготвени сите овие предлози да бидат дел“, изјави Лога, посочувајќи дека негов став е кога веќе се отвора Уставот подобро е сите овие прашања да одат во пакет.

Министерот рече дека е во комуникација со сите чинители во државата Ковачевски, со шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, и дека е прашање на денови кога ќе биде формирана работната група за уставните измени.

„Очекувам опозицијата да е дел од работната група, не само за уставните измени, туку и за Изборниот законик и сите други работни групи врзани со реформи, не само за правосудниот систем, туку и за други области“, изјави Лога, изразувајќи уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се надмине себеси и ќе биде дел од ова, како што рече, за да не бидеме повторно десет години во изолација.

Во однос на тоа дали веќе се разговара за конкретни имиња во работната група, Лога, посочи дека има предлози и некои имиња веќе се на маса, но дека остава простор и за ВМРО-ДПМНЕ.

„Во првата недела од мојата функција пратив писмо до ВМРО-ДПМНЕ да предложат свој член на работната група, потоа уште едно и до Мицкоски, каде кажав дека им го отстапувам и местото претседател на комисијата. Нема да чекаме бескрајно, до крајот на оваа недела ќе почекаме“, изјави Лога, на денешниот брифинг со медиумите во Министерството за правда.

ВМРО-ДПМНЕ Кренар Лога уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.