Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состанок со ПЈПД: Преку транспарентен пристап и заедничко делување доаѓаме до заеднички решенија

0
By Marta Pesevska on March 31, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Битиќи/Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 31, 2023 18:07

Денеска во Владата на Република Северна Македонија, се одржа состанок на Платформата за јавно-приватен дијалог (ПЈПД) коj го водеше заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На состанокот на Коморите со претставниците на државните институции на кој освен вицепремиерот Битиќи, присуствуваше и заменик министерот за финансии Филип Николоски, директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, и директорката на Царинска Управа, Славица Кутиров, и Размена Чекиќ-Дуровиќ, државен секретар во Министерство за економија,  се дискутираа точки поднесени од Стопанските комори меѓу кои Законот за празници поточно за барањето на Стопанските комори за измена на Законот за празниците, односно укинување дел од неработните денови.

Во разговор се заклучи дека законот за празници е носен врз основа на широки консултации на сите засегнати страни на кои се применува истиот, и бидејќи уредува прашања кои  допираат до историјата и верата,  и затоа за измена  и дополнување ќе биде потребна една поопширна и сеопфатна дебата.

На денешниот состанок се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат македонските софтверски компании кои претежно работат на домашен пазар, за законот за трговијa и идните планови и мерки на Владата за замрзнување на цените, олеснување на пристапот на работната сила од надвор, поедноставување на административните бариери за ангажирање на странски работници итн.

Вицепремиерот Битиќи ги увери претставниците на Стопанските комори кои се дел од ПЈПД да гледаат во Владата еден партнер за заедничко решавање на проблемите, и дека сите важни теми за економијата ќе бидат отворено дискутирани бидејќи само преку еден транспарентен пристап и заедничко делување ќе се најдат решение за своите барања.

битиќи Влада ПЈПД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.