Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Вучиќ – Рама: Отворен Балкан значи нови отворени можности, го развиваме регионот по европски стандарди

0
By Marta Pesevska on April 2, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Фото: Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 2, 2023 14:19

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска остварија трилатерална средба во Бардолино, Италија, како дел од програмата на работната посета на меѓународниот саем за вино „Винитали“ каде лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји, на заедничкиот штанд на Отворен Балкан.

На средбата се разговараше за имплементација на активностите во рамките на регионалната иницијатива Отворен Балкан, како и заедничкото учество на меѓународниот саем за вино „Винитали“, кој годинава се одржува по 55-ти пат.

Беше истакнато дека со заедничкото претставување на саемот „Винитали“, еден од винските саеми со највисок квалитет на глобално ниво, го носиме и промовираме винскиот и туристичкиот квалитет на трите земји поблиску до светската публика и потенцијалните инвеститори.

Констатирано е дека на заедничкиот Отворен Балкан штанд, македонските, српските и албанските винарии и вина стојат рамо до рамо со светските врвни производители. На заедничкиот настап на трите земји на саемот за вино „Винитали“ се гледа како огромна можност за промоција, вмрежување, привлекување на странски инвеститори и отварање нови пазари.

На средбата, беше потенцирано дека од летово можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност. Правото на пристап до пазарите на труд во трите држави ќе се стекнува многу побрзо и поедноставно, со електронско издавање на Отворен Балкан идентификациски број и издаден единствен матичен број за странец од Министерство за внатрешни работи, по извршените соодветни проверки.

Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат Отворен Балкан идентификациски број им се овозможува непречен престој од две години во кој период имаат право да најдат работа.

На состанокот, исто така, беше нагласено олеснувањето и забрзувањето на протокот на стоки и подобрувањето на трговската размена меѓу трите земји со воведувањето на зелените ленти на граничните премини.

Беше поздравено и нагласено потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Северна Македонија и Србија за граничниот премин Табановце, со којшто се предвидува инфраструктурно проширување на бројот на сообраќајните ленти на преминот Табановце – Прешево, поставување или подобрување на сообраќајните сигнали, како и дополнителна инфраструктурна опрема на овој премин, како и воспоставување нови процедури за гранична проверка за забрзано преминување на патниците и возилата на граничниот премин.

Исто така, во врска со граничниот премин на Северна Македонија со Албанија, Ќафасан, беше истакнато дека се формирани работни групи кои почнуваат да работат на наоѓање решенија за целосна функционалност на „Оne Stop Shop“.

На состанокот се разговараше и за можни идни активности како Отворен Балкан – младински камп, саем за храна, филмски фестивал но и можноста за отворање на границите меѓу трите земји.

На состанокот беа договорени конкретни следни чекори за имплементирање на придобивките од Отворен Балкан односно патоказ со конкретни проекти кои би се реализирале во наредниот период, а од кои ќе имаат придобивки економиите на трите земји, стои во соопштението на владината прес-служба.

Ковачевски - Вучиќ - Рама отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.