Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен: Апелациja наместо административно да ги враќа предметите, има законска можност, но и обврска, мериторно да одлучува

0
By Ана Василевска on April 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
„Организатори 27 – ми април“
„Организатори 27 – ми април“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 4, 2023 11:47

Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат Законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок, реагираат од Основниот кривичен суд Скопје, по одлуката на Апелација за предметот „Организатори 27 Април“.

Имајќи го во предвид соопштението на Апеалциониот суд Скопје во однос на одлуката за предметот во јавноста познат како „Организатори 27 – ми април“, Кривичниот суд смета дека Апелациониот суд Скопје, можел брзо и мериторно да одлучи по жалбите на обвинетите лица, особено што причина за укинување на затворските казни е примената или неприментат на Законот за амнестија, како што е наведено во нивното соопштение, без притоа да навлага во анализа на доказите и утврдување на фактичката сосотјба, особено што предметот повеќе од една година се наоѓал во нивно надлежно постапување.

„Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас“, се вели во соопштението од Апелација.

Од Кривичен, исто така, посочуваат дека сите високо профилни предмети, без разлика на статусот на обвинетите, се водат во крајно транспарентна постапка со присуство на медиумите, невладините организации и претставниците на меѓународните организации кои ја следат и ценат работата на правосудните органи.

„Нешто што е признаено и пофалено како пример и од меѓународнот фактор, но и од домашната јавност,  што пак не е пример при одлучување во повисоките судови. Па во тој правец, но и во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука“, се вели во соопштението од Основиот кривичен суд Скопје.

Во правец на изјавата на Министерот за правда, се вели во соопштението, како суд ги повикуваме медиумите и стручната јавност да анализираат каде и заради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат правосилност и застаруваат, а граѓаните ја губат довербата во судството.

Апелациониот суд Скопје вчера ги уважи жалбите и ја укина првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски шест години казна затвор.

„Организатори 27 – ми април“ Апелација Кривичен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 17, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

ВЕСТИ June 17, 2026

Според документот, Иран и САД, заедно со нивните сојузници, би прогласиле моментален и траен крај…

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.