НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Од ѕвезда во ријалити шоу и американски претседател, до обвинителна клупа

0
By Соња Крамарска on April 5, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека песната „Бог да ја благослови Америка“ одекнува низ балската сала во Мар-а-Лаго, голем број поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп навиваа пред замокот. Оваа сцена потсетува на повеќето негови митинзи, но сега околностите се сосема поинакви.

Во текот на кариерата тој беше се, од ријалити ѕвезда до претседател на најмоќната земја, но никој не го видел како вчера.

Само шест часа пред да пристигне пред судот во Њујорк, Доналд Трамп парадираше низ улиците на Флорида од неговата палата до аеродромот каде што се качи на приватен авион за Њујорк.

Тој намерно избра да не се појави пред камерите на Менхетен. Во судницата се изјасни за невин по 34 точки од обвинението, меѓу кои и фалсификување деловни податоци.

Тој ги потврди своите зборови во говорот по слетувањето на Флорида. Намрштениот израз на лицето за време на престојот во судницата го замени со пркосен, а обвинувањата против него ги нарече смешни.

„Никогаш не мислев дека вакво нешто може да се случи во Америка. Единственото злосторство што го направив е бестрашно да ја бранам нашата нација од оние кои сакаат да ја уништат“, им рече Трамп на приврзаниците собрани во неговиот дом во Мар-а-Лаго во Пал Бич, Флорида.

Тој ја критикуваше работата на обвинителството, но не повика на нови протести на неговите поддржувачи, пишува Sky news.

Судијата Хуан Меркан, кој го води случајот против Трамп, му рече на поранешниот претседател да внимава на неговата реторика. Сепак, и покрај сите овие предупредувања, се чини дека Трамп не обрна премногу внимание на неговите зборови.

Тој гневно му се нафрли и на адвокатот кој го гони случајот, нарекувајќи го негативец и полуден психопат.

Трамп особено ја критикуваше работата на специјалниот советник Џек Смит во врска со истрагата за случајот со доверливи документи, кои беа донесени во Мар-а-Лаго откако Трамп ја напушти Белата куќа на почетокот на 2021 година, и кого неколкупати го нарече „лудак“.

Следеше тирада за другите истраги со кои се соочува, рацијата во Мар-а-Лаго која откри доверливи документи, истрагата во Џорџија за мешање во изборите во 2020 година и наводите дека тој поттикнал насилство во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Некои се прашуваа дали претходно го виделе Трамп во вакво издание. Ако желбата на Трамп е да ја поткопа довербата во американските институции, овој говор беше токму во таа насока.

„Не можат да не победат на гласачката кутија, па се обидуваат да не победат преку законот. Тоа е земјата во која живееме во моментов, САД се во хаос. Не се сомневам дека ќе ја направиме Америка повторно голема “, рече Трамп.

 

 

 

 

 

Доналд Трамп судење во Њујорк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.