НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Успехот на Отворен Балкан магнет за Црна Гора и Босна и Херцеговина

0
By Соња Крамарска on April 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативата Отворен Балкан која беше иницирана од Северна Македонија, заедно со Албанија и Србија прераснува во вистински двигател на економијата и соработката во регионот, а тоа е препознаено од соседните држави и меѓународните партнери.

Растот на трговијата и видливите придобивки од Отворен Балкан за граѓаните и бизнисите, се причина за земјите како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово да почнат да дебатираат и размислуваат за приклучување кон иницијативата.

Вчера во Бања Лука беше одржана конференција „Know how – за отворен Балкан“ на која се разговараше за иницијативата Отворен Балкан и какви придобивки би имале Босна и Херцеговина и Република Српска доколку се приклучат на истата.

„Сведоци сме денес на големи гужви во превозот и транспорот на производи и луѓе. Оваа иницијатива ќе ни овозможи тоа полесно да функционира помеѓу државите членки“, истакна Златан Клокиќ, министер за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска.

Сличен став има и Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија на Република Српска, според кој мора да се препознае овој политички момент кога Балканот мора економски да се поврзе и да се укинат непотребните гранични процедури, бидејќи само така може да се генерираат нови инвестиции и да се зголеми трговијата со цел подигнување на стандардот.

Поддршка и најава за можно приклучување во иницијативата Отворен Балкан пристигна и од новиот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ според кого целта треба да остане членството во ЕУ, но во меѓувреме треба да се работи на зајакнување на економската соработка.

„Регионалната економска интеграција, дали преку договорот за слободна трговија ЦЕФТА, дали преку Берлинскиот процес или преку иницијативата започната од самите земји од Отворен Балкан и се што оди во корист на граѓаните и нашата економија треба да се поддржи и на тоа активно да се работи“, изјави Милатовиќ по изборот за претседател на Црна Гора.

Поддршка за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан има и од цроногорскиот премиер Дритан Абазовќ, кој е на ист став како Милатовиќ дека треба да се поддржи секоја иницијатива која ќе помогне во остварување на целта за членство во ЕУ и подобрување на сорабоката и економијата.

Р.Н.

отворен балкан Република Српска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.