НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Процесот на уставни измени е внатрешно прашање на Северна Македонија

0
By Ана Василевска on April 6, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Устав на РСМ
Устав на РСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Република Северна Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата посветена на годишниот извештај на работата на АД ЕСМ. 

„За барањето на Бугарија во однос на нивното учество веќе се произнесе министерот за надворешни работи и јас целосно се согласувам со неговата изјава. Тоа е дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, што е обврска поврзана и со пристапните преговори со ЕУ“, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека станува збор на одлука, која е исклучиво во надлежност на Министерството за правда, на политичките партии и на Собранието.  

„Не постои ниту можност, ниту политичка волја, ниту начин кој било друг однадвор да биде вклучен во овој процес“, истакна Ковачевски. 

Во однос на изјавата на бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков за вклучување на Бугарија во процесот, Ковачевски рече дека можеби таа изјава не е дадена во вистински контекст. 

„Меѓутоа сите заинтересирани страни ќе можат да го следат тој процес преку медиумите, бидејќи и медиумите ќе бидат вклучени во самиот процес, кој како што кажав ќе започне во стручната комисија во Министерството за правда, во која што ќе бидат повикани експерти“, додаде Ковачевски.  

Премиерот потсети дека веќе и политичките партии се повикани да делегираат свои претставници и потоа ќе се оди на расправа пред нивните организации, бизнис заедницата, медиумите и преку вас ќе може сите да се информираат. Уште еднаш потенцира дека одлучувањето  е исклучиво во надлежност на институции на Северна Македонија. 

Димитар Ковачевски ЕУ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.