НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија

0
By Соња Крамарска on April 10, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири лица загинаа, од кои тројца се од Македонија, во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила во провинцијата Асти во Италија, јавуваат тамошните медиуми.

Сообраќајната несреќа се случила на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде и во неа учествувале два автомобили. Во едниот бил една од жртвите 23-годишен Италијанец, додека во другиот се наоѓале останатите тројца загинати за кои италијанските медиуми јавуваат дека се 30-годишници кои се македонски државјани.

Според дел од медиумите, тоа се македонски државјани кои живееле во Италија односно се дел од „големата источноевропска заедница која со децении живее таму“. Исто така, потсетуваат и дека несреќата се случи на првиот ден од католички Велигден и на Цветници кои православните христијани го прославуваа вчера.

Судирот помеѓу возилата се случил на тесна и опасна кривина на која имало многу тешки сообраќајки и во минатото.

На самото место бргу пристигнале екипи на Брза помош и пожарникари кои се обиделе да ги извлечат патниците, но не успеале да ги спасат.

Возилата биле целосно уништени.

загинати македонски државјани Италија сообраќајна несреќа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.