НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буено: Го поддржуваме напредокот на Албанија во процесот за членство во ЕУ

0
By Ана Василевска on April 14, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на кралството Шпанија Хосе Мануел Албарез Буено, кој е во посета на Тирана, истакна дека за време на шпанското претседателство со ЕУ ќе го поддржат напредокот на Албанија во процесот за членство.

На заедничката прес-конференција со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, Буено ја потенцираше зголемената на соработката меѓу двете земји, што беше финализирано денеска со потпишување на меморандум за соработка.

„Пристигнав во Албанија како дел од турнејата низ западните земји и поддршката за Албанија во ЕУ ќе биде многу активна во текот на шесте месеци кога Шпанија ќе претседава со Европската унија. Односот меѓу Албанија, Балканот и ЕУ се теми за кои разговаравме со министерката. Разговаравме и за односот на Косово со Србија. Овој однос е надвор од економските врски. Ние сме солидарни за време на кризи. И помогнавме на Албанија со помош за вакцини и медицинска помош за време на пандемијата“, изјави Буено.

Тој додаде дека со неговата колешка Џачка го делат истото мислење за неправедната и брутална агресија на Русија врз Украина.

„Разговаравме за улогата на Албанија во одбраната и глобалните прашања како членка на НАТО и земја која ќе влезе во ЕУ, а јас ја споменав улогата и активирањето на Албанија во многу важни безбедносни прашања. Ние во Шпанија ги промовираме и цениме вредностите што се напишани во Повелбата за права на Обединетите нации. Разговаравме и за соработката меѓу Албанија и Шпанија за борба против криминалните мрежи. Соработка има и на приватно ниво во делот на туристичкиот сектор и се надеваме дека ќе се зголеми присуството на шпански компании во Албанија“, наведе Буено.

Шпанскиот шеф на дипломатијата информираше и дека ќе биде организирана средба на ниво на премиери меѓу двете земји за дополнително зајакнување на соработката на различни полиња.

Албанија и Шпанија денеска потпишаа Меморандум за соработка за постигнување на најдобра можна координација на работата за прашањата од европската интеграција.

Заблагодарувајќи се за посетата, што, како што рече, е прва на шпански прв дипломат по подолг период и поддршката на евроинтеграцискиот пат, Џачка меѓу другото посочи дека процесот на скрининг за земјата завршува на крајот на годинат

Албанија ЕУ Хосе Мануел Албарез Буено
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.