На конвенцијата на СДСМ и коалицијата “Сојуз за иднината”во Куманово која попладнево започна, ќе се обратат сите лидери на политичките партии, освен претседателот на ЛП Ивон Величковски, дознава НОВА.
Неговото образложение е дека ја добил декларацијата предоцна, за неа не се изјаснило раководството на Либералите, и токму затоа и не е ставен потписот на Величковски.
Освен тоа, почесниот претседател на ЛП, Стојан Андов деновиве го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да се повлече од функцијата, за новиот тим со нови политики да го подготви претстоечкиот Конгрес.