НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кабаре „Girls Night” во Јавна соба: Стенд ап и танц на диско хитови со четири актерки

0
By Ана Василевска on April 26, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири неверојатно талентирани млади актерки ќе се појават повторно на сцената во четврток на 27. април, за да изведат микс од добро познати диско музички хитови, преплетени со стенд ап настапи, кои подеднакво ќе го расположат и женскиот и машкиот дел од публиката.

Актерките кои ги краси исклучителен вокален и актерски талент, тоа веќе го докажаа во претходните изданија на  „Girls Night”, а дел од нив и на минатонеделното издание на „Глумците пеат”. Овој тим од четири неуморни актерки на сцена ја пренесуваат исконската музика со најголемите диско и клупски хитови почнувајќи уште од 80-тите, предизвикувајќи ги присутните да пеат и да танцуваат заедно со нив. Тие имаат подготвено и одлични комични текстови со кои ќе ве натераат да се смеете до солзи.

Иако овој настан привлекува голем број на женска публика, пред се поради насловот, машките посетители кои сакаат добра и несекојдневна забава  уживаат во иста мера. Со врвната музичка изведба и комедијата која сигурно ќе му се допадне на секој присутен, овој настан е задолжителен за секој кој е во потрага по добро место за забава во четврток навечер.

„Искуството од претходните изданија ни вели дека скопјани сакаат поинаков тип на забава. Овој настан е направен „по мерка“ на танц, глума и музика, од друга страна на оваа забава уживаа сите генерации.“, велат од продукцијата.

Вратите во Public Room се отворени во четврток од 21:00 часот, а билетите се достапни на барот во Public Room. Поради големиот интерес од публиката, препорачливо е да истите да се обезбедат навреме, или да се изврши претходна резервација.

Придружете ни се за една ноќ на смеа, музика и забава со неверојатните млади актерки: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви.

Оваа сценска фузија од музика, кабаре, стенд ап и караоке е во продукција на Public Room, а стилист е Сашка Павловска.

Глумците пеат Јавна соба Кабаре Стенд ап
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.