Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмото од Агелер ги скара во Судскиот совет, потпретседателот Адеми ја нападна Дамева

0
By Соња Крамарска on April 26, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 26, 2023 12:52

На денешната седница на Судскиот совет потпретседателот Селим Адеми побара претседателката Весна Дамева да биде разрешена. Тој обвини дека таа го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер и не го покажала пред останатите членови на Советот. Дамева, пак, се бранеше дека била на одмор, и рече дека тој како нејзин заменик требало да го даде на увид писмото пред останатите колеги. Дамева настапи со контраобвинување велејќи дека Адеми има други мотиви за нејзино разрешување.

„Претседателке, нè ставивте во заблуда затоа што писмото од амбасадорката на Америка не ни е доставено на време туку по две недели. Кој го криел писмото?“, праша Адеми. „Дали може писмо од амбасадорка да чека две недели? Сите да го имаат, а ние да го слушнеме од медиумите? Дали одредени портали кажуваат име и презиме? Вие денеска за ваква информација, со име и презиме да се пишуваат членови, да се шири хронолошки, за доверлив материјал, Вие најмалку требаше да кажете: ‘Јас, колеги, не сум го кажала тоа, ви кажувам искрено’. Но, кој го направил? Првиот човек треба да има одговорност“, рече Адеми.

Дамева посочи дека се согласува со содржината на писмото од американската амбасадорка но му одговори дека вистинската причина што тој бара нејзино разрешување е затоа што ќе има утврдување на одговорност на судии.

„Сега се отвора Пандорината кутија со недокажани реченици, со флоскули, со извртени факти и апсолутно неаргументирани. Ќе ве демантирам за писмото од Агелер, кое ниту се криело ниту имало намера да се крие. Моите заложби се тие, да се подобри состојбата во судството, да се постигне самостојност и независност најпрвин кај членовите на Судскиот совет, а потоа кај судиите. Првин членовите да постигнат интегритет, потоа судиите. Јас сум разочарана и се согласувам со содржината. Судскиот совет како да влегува во амбис, како да се сака да се растури тело во кое членовите се поделени во смисла на гласањето. Тоа некому не му одговара. Писмото е стигнато на 11-, наредниот ден бев на одмор. Зошто писмото стигнато на 11 не го презентиравте кај колегите? На крајот, 17 беше неработен ден, 18 – седница. Ова не е за да се правдам оти немам намера, но стојам зад сите заложби на меѓународната заедница дека не сме на прав пат. Без разлика дали има писмо или не. Потоа го поделив писмото во копија. Овој претседател ќе се бори да бидат разрешени нечесни судии и да бидат избрани најдобрите“, рече Дамева.

Адеми продолжи дека претседателот на Судскиот совет треба да биде од редот на судиите.

„Има и одлука на Уставниот суд, со која одредува дека претседател може да биде само член од редот на судиите. Ред е да се почитува и таа одредба, можеби е дојдено времето претседател на Судскиот совет, па и заменик да биде од редот на судиите“, посочи потпретседателот.

„И да си одам и да го изгласате моето разрешување, ако има законски основ, ќе си одам. Но, со гордо крената глава. За овие четири месеци, признале или не, овој Судски совет се отвори за јавноста, има добра работа со меѓународната заедница. Ако не сакаме на европскиот пат, сакаме да одиме по патот на заборав. Додека сум претседател, нема да има простор за влијание. Не се плашам од притисоци и закани, па по цена и да си одам. Ако ова е крајот, треба да утврдите моја одговорност, па да наведете основ зошто ми го одземате мандатот, а не поради ваши желби и желби на ваши блиски луѓе“, реагираше Дамева.

Весна Дамева писмо од Агелер Селим Адеми Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.