НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Членството во НАТО и напредокот во евроинтеграциите ги отвораат економските перспективи

0
By Ана Василевска on April 26, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членството во НАТО, напредокот во европските интеграции и регионалното поврзување, ги отвораат економските перспективи, а тоа го потврдуваат самите бројки, истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Самитот„Македонија 2025“ .

Пред учесниците на Самитот – бизнисмени од дијаспората и од државава, како и експерти од повеќе области,  премиерот оцени дека  Северна Македонија е во сосема поинаква позиција од пред пет години, односно, како што рече, од изолирана и бесперспективна држава, создадовме интегрирана и перспективна.
Централна тема на Самитот е зајакната соработка и силно приватно – јавно партнерство во насока на градење на просперитетни економии преку дигитализација, стратешко лидерство и успешна општествена трансформација. На првиот ден на Самитот беа опфатени актуелни теми значајни за бизнисите и граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании од регионот.
-Го деблокиравме патот кон Европската Унија, преговорите со Европската Унија се отпочнати. Државата е полноправна членка на НАТО. Дел сме од регионалните иницијативи со коишто има посилен проток на луѓе, стоки и услуги и формираме Заеднички регионален пазар, со што ги зголемуваме конкуретноста и интересот за инвестирање во нашиот регион, со тоа и во нашата држава. Денес сме држава којашто е пример како со стратешко лидерство кое добило мандат од граѓаните, може да се гради просперитетна економија, а со тоа и просперитетна иднина и за своите граѓани и за да се придонесува во регионален и во европски контекст, рече премиерот.

Премиерот оцени дека изминатата година имало највисок извоз од 3,7 милијарди евра и најголем износ на инвестиции.

Како што дополни, инвестициите во изминатиот период придонеле да има над 16 500 вработени, што е над 10 000 повеќе работници во однос на 2017 година.

„Само во последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години“, посочи Ковачевски.

Минатата година во услови на криза, посочи, Северна Македонија имаше и рекордна реализација на капиталните инвестиции во државата од 465 милиони евра што е за 60 проценти повеќе од 2014 година која што година сите заради нејзината популарност се сметаа за година на најголеми инвестиции. Единствената ралзика е што во тоа време за едно евро инвестиција се трошеа, а 4 евра за реклама на телевизија. Сега за секое евро инвестиција не се троши ниту едно евро за реклама на телевизија, рече Ковачевски.

Изрази задоволство што Северна Македонија се покажала како пример во регионот и Европа и истакна дека реконструирањето на економијата во државава бил еден од клучните предизвици на кои работела актуелната Влада.

„Во 2018 година беше одобрен Планот за економски раст и тогаш првпат почнавме покрај поддршката на странските инвестиции да ги поддржуваме и домашните инвеститори, бидејќи пред тоа помош добиваа само странските инвеститори. Ова донесе резултати, покажа дека Владата не е фокусирана само на еден од параметрите во економијата односно растот на БДП, туку и на поддршка на компаниите, бизнисот за да може да е подготвен да одговори на предизвиците и да го донесе толку посакуваниот раст и развој во нашата економија“, рече Ковачевски.

Додаде дека странските директни инвестиции се на највисоко ниво во најкризната година и тоа двапати поголеми од тоа што биле во 2016 година.

„Токму и затоа и странските директни инвестиции во кризни услови минатата година бидејќи тоа беше најкризната година од Втората светска војна достигна рекордно историски највисоки износи од 753 милиони евра само во една година и тоа повторувам во најкризната година во Европа и кај нас“, појасни тој.

Напомена дека државава бележи развој и во автоиндуистријата, авиоиндустријата и медицинската индустрија.

„Затоа на сите оние коишто сметаат дека на Македонците постојано им треба тутурство, дека постојано треба некој да ги учи, дека треба некој основите да им ги покажува тоа е најдобра потврда дека кај нас ќе се произведуваат чипови коишто беше незамисливо да се произведуваат исто ако што веќе се произведуваат најсофистицирани делови и за бмв и за мерцедеси за сите други автомобили и познати марки од Германија, САД,Франција, Италија итн“, порача премиерот.

Во однос на изградбата на на Коридорите 8 и 10 потсети дека ќе биде овозможено слевање на околу 650 милиони евра во македонската економија.

Најави дека во следниот период ќе бидат преземени мерки кои се очекува да го забрзаат економскиот раст и информира дека планот се однесува на поттикнување на раст на јавни и приватни инвестиции како и фискална консолидација. Потенцира дека инфлацијата од октомври секој месец бележи пад и дека е зголемено домашното производство на електрична енергија.

Извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевска во своето обраќање посочи дека во повеќето важни индикатори има напредок, но оти споредено со другите земји од регионот Северна Макеоднија заостанува и речиси секаде се појавува на дното на мерењата. Изрази надеж дека токму Самитот ќе придонесе во напредокот на економијата на државава.

„Наша главна заложба уште од основањето на Македонија 2025 е поддршка на напредокот на земјата, преку вклучување на македонската дијаспора во актуелните случувања во земјата во насока на градење на силна и просперитетна нација. Сите ние имаме одговорност пред нашите семејства и идните генерации да обезбедиме подобра и попросперитетна иднина, повисок животен стандард и квалитет на живот. Во таа насока ние се стремиме преку нашите активности да ги обединиме сите засегнати страни, да ги усогласиме клучните приоритети и да работиме кон постигнување на целите. Искрено верувам дека Македонија 2025 преку своите активности и програми, вклучително и Самитот ќе придонесе кон развој на земјата“, рече Мојсоска-Блажевска.

Мајк Зафировски, еден од основачите и член на Одборот на директори на Македонија 2025 на Македонија2025 разговараше со Роберт Доар, директор на Американскиот Институт за Претпријатија (АИП) на тема долгорочен економски развој, улогата на „тинк-тенк“ организациите во иницирање на економски реформи, како и најновата иницијатива на АИП наречена „Иницијатива за американски сон“.

Зафировски се осврна на наодите од извештајот на Светска Банка за Западниот Балкан, потенцирајќи дека закрепнување на економиите може да се случи преку структурни реформи, отчетност на институциите, рационално трошење на јавните средства и вложување во дигитализацијата, што е можно преку поголема регионална соработка.

Од своето основање досега Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој со вкупна вредност од 3,6 милиони долари. Во секторите образование и лидерство досега се донирани 1,7 милиони долари, а во овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

Дел од Самитот Македонија 2025 е и доделувањето на првото признание за придонес на припадниците на дијаспората, кое се доделува под покровителство на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски. Ова признание што беше доделено вчера го добија Софи и Митре Кутановски, за нивната поддршка на млади таленти и студенти од Македонија во рамки на Фондацијата Атанас Близнаков.

Димитар Ковачевски НАТО Самитот - бизнисмени од дијаспората и од државава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.