НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов инцидент: Авионите на НАТО се обидоа да пресретнат руски авиони во Норвешка и Балтикот

0
By Ана Василевска on April 26, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Руски авиони во близина на брегот на северна Норвешка, 25 април 2023 година
Руски авиони во близина на брегот на северна Норвешка, 25 април 2023 година
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според воздухопловните сили, групата „се состоела од два стратешки бомбардери од типот Блек Џек (Ту-160), проследени со два танкери од типот Мидас (Ил-78), како и три борбени авиони Фокхаунд (МиГ-31). 

Авионите на НАТО пресретнаа руски воени авиони во меѓународниот воздушен простор.

Норвешките воздухопловни сили соопштија дека исфрлиле два ловци Ф-35 за да одговорат на здогледувањето на неколку руски авиони кај северниот регион Финмарк.

Според воздухопловните сили, групата „се состоела од два стратешки бомбардери од типот Блек Џек (Ту-160), проследени со два танкери од типот Мидас (Ил-78), како и три борбени авиони Фокхаунд (МиГ-31). “.

Откако Норвешка сподели детали за инцидентот, руското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое го опишува „планираниот лет“ од 14 часа за време на кој „екипажите на авиони со долг дострел вршеа ноќно и денско полнење на гориво во воздух“. Тоа не ја наведе причината за вежбата, само изјави дека нејзините пилоти „редовно летаат над неутралните води на Арктикот, Северниот Атлантик, Црното и Балтичкото Море и Тихиот Океан“.

Инцидентот во Финмарк се повторува по оној  што се случи на почетокот на март, кога два норвешки Ф-35 пресретнаа два извидувачки авиони Иљушин ИЛ-38 во истата област.

Во меѓувреме, авионите на Еурофајтер, кои им припаѓаат на Германија и Велика Британија, во вторникот пресретнаа три руски воени авиони кои летаа над меѓународните води во Балтичкото Море, сите со исклучени транспондери.

Луфтвафе сподели слики од два ловци СУ-27 и извидувачки авион ИЛ-20 – еден од најдолготрајните и најтајните летала за собирање разузнавачки информации во рускиот воен арсенал.

Руски и воени авиони на НАТО рутински се пресретнуваа во меѓународниот воздушен простор стотици пати годишно пред инвазијата на Украина во 2022 година. Во текот на последните две децении, само британското кралско воздухопловство се обидуваше да одговори на руските воени летови во повеќе од 100 наврати.

Средбите меѓу авионите продолжија во услови на зголемени тензии како резултат на војната во Украина, но освен инцидентот во кој два руски ловци соборија американско беспилотно летало над Црното Море, ниту еден сè уште не резултираше со физички средби.

Извор Еуроњус

Подготви А. В.

меѓународниот воздушен простор НАТО Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.