НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите црни датуми на ВМРО-ДПМНЕ – од тепање на Плоштад, до упад во Собрание

0
By Ана Василевска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска се навршуваат шест години од „крвавиот четврток“ кога толпа граѓани, насилно упадна во Собранието и ги нападна пратениците на СДСМ во обид да спречат промена на власта.

Снимките што таа вечер доаѓаа од собранискиот прес-центар ја вознемирија домашната но и светската јавност.

Денес, шест години подоцна, за овој случај осудени се 15 ина лица за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ додека за нарачателите Апелација говрати судењето на почеток откако претходно кривичниот суд ги осуди на вкупно 25 години затвор екс-спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Но 27 ми април е последниот во низа „црни датуми“ од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на кои му следеа бројни црни датуми.

28 март 2009 година – Толпа на партиски активисти од ВМРО-ДПМНЕ нападна педесеттина студенти на скопскиот плоштад кои ја обележуваа површината на црквата што требаше да се гради токму на плоштадот. За овој напад никој не беше казнет, ниту осуден.

13 февруари 2011 година – Меѓуетничка тепачка на Кале меѓу две групи кои беа „За“ и “Против“ изградба на музеј – црква на Кале. За овој инцидент имаше десетина уапсени, дел од нив парично или условно казнети.

05 јуни 2011 година – Припадник од обезбедувањето на Никола Груевски на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Скопје до смрт го претепа младото момче Мартин Нешкоски. За убиството беше осуден специјалецот Игор Спасов.

12 април 2012 година – пет лица од кои четири момчиња беа брутално убиени на Смилковското езеро. За овој случај осудени се лица на доживотна казна затвор, од кој едниот е се уште во бегство.

11 декември 2012 година – за да ги прекинат блокадите од опозициската СДСМ за носење на Буџетот за 2013 година, обезбедувањето во Собранието насилно ги исфрли прво новинарите од собраниската галерија, а потоа и пратениците и пратеничките од редовите на СДСМ. За овој настан никој не беше казнет.

07 јуни 2013 година – членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ прикриени зад здружението Веритас, ја демолираа бараката на општина Центар додека внатре се одржуваше седница на совет со цел да спречат измена на Детален урбанистички план во централното градско подрачје.

05 мај 2015 година – Брутална акција на МВР против граѓани кои протестираа пред Владата откако СДСМ ја објави „бомбата“ за убиството на Мартин Нешковски. Десеттина граѓани беа претепани, исто толку приведени, а полициските специјалци апсеа и по влезови на стандени згради и во Градската библиотека.

09 мај 2015 година – Вооружена престрелка во кумановската населба Диво Насеље каде загинаа осум македонски полициски специјалци. Како резултат на притисокот од лошо организираната акција, три дена подоцна оставка поднесуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и шефот на УБК, Сашо Мијалков.

Извор 24 Инфо

ВМРО-ДПМНЕ Смилковско езеро Упад во Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.