Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија од 92 место во 2020 се искачи на 38 позиција на глобалното рангирање за слободата на медиумите на Репортери без граници

0
By Борјан Јовановски on May 3, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 3, 2023 08:41

Од 92 место во 2020, 57 во 2022 година Македонија направи нов голем скок на листата на Репортери без граници искачувајќи се на 38 место во последниот извештај на оваа организација за слободата на медиумите во светот.

На ова најново рангирање Македонија е убедливо најдобра во целиот регион пред Словенија и Хрватска кои се на 50 и 42 место. Албанија и Србија се на 96 и 91 , Грција на 107 место. Најдобри на ранг листата традиционално се скандинавците и Ирците. На дното на рангирањето, се исто така традиционално , Кина и Северна Кореа. Ранг листата на Репортери без граници анализира 180 држави во светот.

Во анализата за Македонија се наведува дека имаме проблем со професионализмот, лажните вести но и со недоличен однос на функционерите кон новинарите.

„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите” се вели во извештајот .

Во Извештајот се констатира и тоа дека ТВ станици имаат висока гледаност но ниска доверба од гледачите.

Во анализата за полтичкиот контекст во кои делуваат медиумите се вели дека поларизиацијата во општеството е еден од проблемите.

“Целокупната средина останува поволна за слободата на печатот и дозволува критичко известување, иако транспарентноста на институциите е прилично слаба. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат подложени на притисок од страна на властите, политичарите и бизнисмените. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност” се вели во извештајот.
Во делот на економскиот контекст за работа на медиумите се наведуваат притисоци од сопствениците.

“Иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Помеѓу маркетиншките агенции и одредени медиумски куќи има влијанија” пишува во анализата на Репортери без граници.
Извештајот обрнува внимание на и на социокулторилошкиот конкетс во кој работата новинарите.

“Иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните мрежи и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за пад на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на полови, етнички или верски критериуми” се вели во оваа анализа на Репортери без граници.
Во делот на безбедноста се укажува на тоа дека новинарите се мета на напади. Извештајот го потенцира назначувањето на специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари.

“Новинарите редовно се мета на вербални напади. Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие може да бидат изложени на правен притисок и навредливо гонење Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град, беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја” се вели во оваа рангирање на Репортери без граници.

Б. Ј.

Извештај репортери без граници медиуми слобода на говор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.