НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теренската информативна кампања за ИПАРД 3 програмата започна од Крива Паланка

0
By Marta Pesevska on May 3, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Европските можности за македонското земјоделство и руралниот развој преку ИПАРД 3 програмата денес беа презентирани пред паланчани од страна на телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

На настанот се обратија Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и раководителот на телото за управување со ИПАРД, Живко Брајковски.

Брајковски посочи дека кампањата по вчерашниот инфо ден во Скопје, од денес се насочува теренски, на информативни средби со граѓаните, со земјоделците и заинтересирани граѓани за искористување на преостанатите средства од ИПАРД 2, за кои ќе се објави последниот, деветти повик, како и првиот повик за ИПАРД 3, што ќе бидат објавени паралелно кон крајот на месец јуни 2023.

-Со претстојниот повик за ИПАРД 3 на располагање ни стојат неповратно средства  од ЕУ и буџетот на државата за нови инвестиции, нови можности за развој и за нас како општина, како рурален регион, така што покрај развој на бизниси во рурални средини ќе бидат поддржани и инвестиции во рурална јавна инфраструктура, околу 17 милиони евра наменети за инвестиции во обновливи извори на енергија, локална патна инфраструктура, водоводи и канализации. Наша заложба како локална власт е преку ваквите повици да реализираме нешто капитално, видливо и значајно за граѓаните. ИПАРД 3 нуди можност голем број индивидуални земјоделци и претпријатија да се развиваат и да бидат нова успешна приказна со: зголемено производство, нови вработувања и подобра локална економија. Знам дека постои голем интерес од страна на граѓаните на Крива Паланка и Ранковце за овие програми, така што, верувам, согласно резултатите на искористеност од 98 отсто во ИПАРД 2, повторно ќе може да се пофалиме како држава дека сме лидери во регионот по имплементација и искористеност на средствата, споредено со Албанија, Црна Гора и Србија, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Министерот Николовски рече дека од денеска до крајот на јуни овој тим од МЗШВ и платежната агенција ќе биде на терен за да сподели бројки, факти и да се допре до секое населено место.

-Сведоци сме дека во изминатиот период речиси и да нема населено место во државата без ИПАРД табла, лидери сме во регионот со склучени над 2300 договори и целосно ставање на располагање на средствата, со искористеност од 98 отсто, а без ниту едно евро да вратиме назад кон ЕУ, што ја прави исклучително успешна програма, а преостанува уште еден повик од ИПАРД 2. Го најавуваме оттука, од регионот на Ранковце и Крива Паланка, и последниот повик од ИПАРД 2 и првиот повик од ИПАРД 3 што вкупно овозможуваат средства од вкупно 29.000.000 евра, а во следните години на располагање ни стојат 128 милиони евра, од кои 97 милиони се средства од ЕУ и 31 милион евра од државниот буџет. Ова е вистински пример дека може да не вратиме ниту евро назад, и се надевам и во овој регион кадешто досега со ИПАРД 2 немаше преголем интерес, ќе имаме успешна реализација на проекти и тука ќе има повеќе ИПАРД табли, рече министерот Николовски.

Стручните лица од МЗШВ и АФПЗРР го образложија достапните мерки:3 од ИПАРД 2 и мерки 1 и 7 од ИПАРД 3 за кои ќе можат да се подготвуваат апликации од стартот на повикот, крај на јуни,за да се започне час поскоро со комплетирање на документацијата потребна за истите.

ИПАРД 3 Крива Паланка МЗШВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.