Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот на Австралија бара ослободување на Асанж

0
By Соња Крамарска on May 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 5, 2023 10:01

Премиерот на Австралија, Ентони Албанес изјави дека задржувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во затвор „повеќе не служи за никаква цел“ и оти тоа е „фрустрирачки“.

Асанж веќе четири години е во лондонскиот затвор Белмарш откако беше извлечен од амбасадата на Еквадор.

„Мислам дека случајот Асанж треба да се погледне од аспект на тоа што се случило, кои се обвиненијата и дали отслуженото време го надминало она што би било разумно за докажување на обвиненијата“, истакна Албанес за австралиската телевизија Еј-Би-Си.

Тој додаде дека постои нееднаквост помеѓу Асанж и свиркачката Челзи Менинг, која е на слобода откако извесен период помина во затвор.

Британската полиција го уапси Асанж во април 2019 година во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што беше засолнет седум години, затоа што не се предаде на претходна потерница поврзана со шведските обвиненија за силување, што на крајот беа отфрлени.

Полицијата изврши рација во амбасадата откако Кито му го укина азилот на Асанж.

Основачот на Викиликс, 51-годишниот Асанж води долготрајна правна битка за да избегне екстрадиција во САД, каде е обвинет за заговор со поранешната американска воена разузнавачка аналитичарка Менинг, за да објави голема количина доверливи материјали во 2010 година.

австралиски премиер Ослободување Џулијан Асанж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.