Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, во изјава во изјава за „Дојче Веле“ (ДВ) вели дека е убедена оти на јавноста ѝ е познато зошто била разрешена од функцијата.
Таа излезе со истата порака како и кога беше разрешена дека во судовите нема место за корумпираните судии и затоа вели, ќе остане да биде член на Судскиот совет додека не се обидат да ја отстранат и оттаму.
Таа првично беше разрешена со седум гласа „за“ на 26 април по иницијатива на нејзиниот заменик Селим Адеми. Постапка за разрешување на претседател не е предвидено ниту со Законот за Судски совет ниту со Деловникот за работа, а начинот на кој се случи нејзиното отстранување на функцијата предизвика низа реакции кај стручната јавност.
Вчера Судскиот совет одржа две седници далеку од очите на јавноста. На првата изгласал да ја повлече првичната одлука за разрешување на Дамева. Потоа, на втората ѝ изгласал недоверба со девет гласа и ја разрешил. Одлуките за одржување нејавни седници од Судскиот совет преку соопштение ги оправдаа со одредба од законот која предвидува дека јавноста може да биде исклучена заради заштита на угледот и интегритетот на судијата или кандидатот за судијата.