НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Во преговорите со ЕУ јазикот е црвената линија од која немаме намера ниту право да отстапиме

0
By Ана Василевска on May 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина е трајна порака на Коневски и еден вид на аманет, која во денешниот контекст е многу поважен и многу поголем товар за сите нас, а особено за институциите. Ние тоа го сфативме и како политичка агенда бидејќи во сите преговори со ЕУ, во сите преговори конкртетно со Бугарија секогаш клучна црвена линија ни бил македонскиот јазик и никогаш не отстапивме од тоа и немаме намера ниту право да отстапиме од такво нешто.

Ова го истакна заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, на панел-дискусијата посветена на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик.

„Токму затоа успеавме македонскиот јазик да го вметнеме во преговарачката рамка како јазик на кој што треба да се преведе целото европско законодавство и на кој што веќе се преведува, и како јазик на кој што ги потпишуваме договорите со ЕУ, како што е договорот со Фронтекс. Тоа е доказ дека вреди да се бориме за јазикот и дека така ќе го зачуваме како наша татковина“, подвлече Маричиќ.

Тој додава дека во ЕУ јазикот е дел од идентитетот и се негува како вредност, токму затоа, вели, инсистираме на тоа дека во процесот на зачленување кон ЕУ мора јазикот да ни биде заштитен и затоа во тој процес како Секретаријат вложуваат многу во доследен превод на европското законодавство.

„За ова се уште треба институционално да се подготвиме бидејќи законската лектура на тоа законодавство е многу важно бидејќи тоа законодавство утре ќе биде македонското законодавство, исто како што во перспектива еврото ќе биде македонска платежна валута. Затоа треба на тоа да обрнеме попсебно внимание. Ние одвојуваме околу 20 милиони денари од буџетот на СЕП за секоја година во последните две години имамме помош од Кралството Шведска и Норвешка преку Програмата УНОПС околу 250.000 долари годишно  и околу 25.000 евра од ЕУ. И на тој начин успеваме од минатат година до сега да преведеме околу 60.000 страници од европското законодавство на македонски јазик“, потенцира вицепремиерот Маричиќ.

Тој наведе и дека скринингот којшто се одвива во Брисел од страна на нашата делегација 80 до 90 проценти се одвива на македонски јазик со преведувачи, што значи дека активно го користиме во текот на преговорите со ЕУ македонскиот јазик и тоа го сметаме како вредност и како предност.

Маричиќ меѓу другото истакна дека треба да се посвети внимание и на недостигот на наставници по македонски јазик во дијаспората и порача дека во денешно дигитално време има начини како да се негува јазикот.

„Јас веќе неколку години кога пишувам на македонски, исклучиво пишувам на кирилица на телефон и мислам дека тоа треба секој да го прави. Тоа не значи дека нема македонска латиница, но треба да се користи кирилицата“, порача вицепремиерот Маричиќ.

На панел дискусијата која беше во организација на Министерството за култура, меѓу другите се обратија и ресорната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Наташа Аврамоска од Институтот за македонска литература, Људмил Спасов од Советот за македонски јазик и Весна Мојсова-Чепишевска од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

5 мај ден на македонскиот јазик Бојан Маричиќ Панел за македонскиот јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.